Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Охрид

Воведение на Пресвета Богородица во Хрампештерна црква во Охридската населба Канео и се наоѓа јужно од главниот храм посветен на Св. Јован Богослов - Канео. Црквата се наоѓа во природен карпест амбиент, засолнет од сите три страни со високо издигнати карпи, а само со мал тесен приод од езерото, помеѓу две карпи. Иако се видливи големите оштетувања на фреските, може да се разпознае композицијата „Воведение на Пресвета Богородица во Храм“, а според зачуваните остатоци од лицата на младите девојки, драпериите на некои фигури, орнаментиката на облеката од првосвештеникот Захариј и дел од архитектурната декорација во заднината, покажува дека зографот работел во духот на класисистичките ликовни разбирања во стилот на Палеолозите, и затоа се заклучува дека овој пештерен храм бил создаден за монашките потреби при самиот крај на 14 век или почетокот на 15 век[1].

Воведение на Пресвета Богородица во Храм
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба
Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. П. Миљковиќ-Пепек и Гоце Ангеличин-Жура, Пештерниот храм Воведение кај Канео во Охрид, Ликовна уметност 10-11 (1983-1984), Скопје 1985