Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Драма (XIX век)

црква во Драма, Егејска Македонија, изградена во XIX век

Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Εισόδια της Θεοτόκου) наречена и Стара митрополија (Παλαιάς Mητροπόλεως) — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Порано била катедрален храм на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Воведение на Пресвета Богородица
Εισόδια της Θεοτόκου
Поглед на црквата
Карта
41°9′4″N 24°8′36″E / 41.15111° СГШ; 24.14333° ИГД / 41.15111; 24.14333
МестоДрама
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
ЕпархијаДрамска

Историја

уреди

Храмот е изграден на местото на византиска или ранопоствизантиска црква, целосно обновена во 1721 г. од епископот Партениј Драмски.[2][3] За оваа обнова се знае од мермерна плоча вградена во соседната митрополитска зграда.[2] Од ракописна литургија од 1735 г. која се чува во олтарот, се знае дека прв ктитор на храмот бил епископот Фотиј Филипски, што значи дека црквата е изградена пред 1300 г., кога Драма е одвоена од Филипската митрополија.[2] Црквата е опишана на почетокот на XVIII век од францускиот патописец Пол Лика.[2] По разорниот земјотрес од 1829 г. храмот претрпел целосна обнова која траела од 1834 г.[3] па сè до 1975 г.

Според Асен Василиев, градител на црквата е Јанкул Силјанов од Тресонче.[4]

Архитектура

уреди

Храмот претставува трикорабна базилика со двоводен покрив, типичен за тоа време,[1][3] Има скромна надворешност.[5] Во дворот има чешма и мраморно корито. Има двавлеза — еден од запад и еден од север. Трета врата води до женската црква и камбанаријата, подигната во 1893 г. Мала врата води од жртвеникот на исток кон дворот.[5]

Внатрешноста е поделена на три кораба со два реда од по седум столбови.[5] Од старините зачувани се вредниот резбан иконостас од почетокот на XIX век, владички престол, амвонот и проскинитар.[1][5] Има забележителни икони од 1850, 1864, 1865 и 1871 г. Нивни автори се Серги Георгиев од Неврокоп, Антим од Неврокоп и Димитар Неделчев од Караќој. Една икона на Свети Спиридон на владичкиот престол е дело на Јаков Мелнички: χειρ Ιακώβου Ν. Μελενικίω ετος αων' (= 1850).[3][6][7] Во апсидата е зачувана фреска на која е претставено Симнувањето од крстот, потпишана долу од Димитар Неделчев.[5] Во 1917 г. бугарската војска однела вредно ракописно евангелие, кое денес се чува во Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија.[3]

Во 1971 г. е урнат предниот дел на црквата, за да може да се гледа новата катедрала.[5] Во 1975 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „ΥΑ Α/Φ27/40030/2-9-1975 - ΦΕΚ 934/Β/6-9-1975“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 9 ноември 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Βασλή, Δήμητρα (јули 2002). Η Δράμα και η ιστορία της (PDF). стр. 36. Посетено на 26 ноември 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „2500 χρόνια ιστορίας σε 60'. Πολιτιστική Διαδρομή στην πόλη της Δράμας“ (PDF). Δήμος Δράμας. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 ноември 2016. Посетено на 25 ноември 2016.
  4. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 152.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Βασλή, Δήμητρα (јули 2002). Η Δράμα και η ιστορία της (PDF). стр. 37. Посетено на 26 ноември 2016.
  6. „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
  7. Ζήκος, Θωμάς Ε. „Ο ναός του Αγίου Αθανασίου στο Άγκιστρο του Νομού Σερρών“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμικτα: 105. ISSN: 1792 – 5045.