Црвениот терен (италијански: Palombella rossa ) - француско-италијански филм од 1989 година во режија на Нани Морети, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога. Во другите улоги настапуваат: Силвио Орландо и Мариела Валентини. „Црвениот терен“ е еден од најнаградуваните филмови во Италија во сезоната 1989/1990 и бил прогласен за филм на годината во изборот на италијанските критичари на Венецискиот филмски фестивал, на списанието „Каје ди синема“ (Cahiers du Cinéma) и на Филмскиот Фестивал во Саун Пауло.[1]

Синопсис

уреди

Микеле Апичела (го игра Морети) е парламентарен пратеник од редовите на Италијанската комунистичка партија. По една сообраќајна несреќа, тој е полесно повреден, но го губи сеќавањето. Освен политичар, тој е и играч во ватерполо тимот на Монтеверде. И покрај тоа што е несигурен во својот идентитет, тој му се придружува на тимот кога треба да се одигра важен натпревар во Сицилија, што ќе реши кој ќе ја освои лигата. Натпреварот трае до доцна во ноќта, а Микеле разговара со соиграчите, синдикалистот, судијата, католичкиот верник, новинарот и неговата ќерка, во обид да ја реконструира својата сопствена меморија. Станува очигледно дека претходно тој одржал значаен говор, на чија содржина не може да се сети. Како што се одвива натпреварот, гледачите и играчите сѐ повеќе се впуштаат во гледање на филмот „Доктор Живаго“, кој се прикажува на ТВ-екранот во барот. Микеле промашува пенал и натпреварот завршува; тој останува разочаран не само од натпреварот туку и од животот. Возејќи се назад во Рим во друштво со својата ќерка, тој ја губи контролата врз својот автомобил...[1]

Наводи

уреди