Централна банка

(Пренасочено од Централната банка)

Централна банка, банка на резерви или монетарна управа — јавна институција што најчесто ја издава валутата, го регулира приливот на пари, и ги контролира каматните стапки во земјата.

Централните банки исто така често ги контролираат комерцијалните банки од нивните одделни држави. За разлика од комерцијалната банка, централната банка поседува монопол врз печатењето на националната валута, што служи како законски платежно средство во земјата. Примери за вакви банки се Европската централна банка (ЕЦБ), Федералните резерви на Соединетите Американски Држави и Народна банка на Кина.

Основната функција на Централната банка е да овозможи прилив на пари во земјата (монетарна политика), преку постојана работа за контролирањето на каматните стапки, поставување на потребните резерви, и да служи како даватели на заем за банките, за време на платежна неспособност на банките или за време на финансиски кризи. Централните банки имаат надзорна улога, со намера да ги заштитат банките и другите финансиски институции од измами и неразумни постапки. Централните банки на најразвиените нации се независни затоа што работат врз основа на правила што ги ослободуваат од политичко влијание.

Историја

уреди

Во Европа, во 17 век, поголемиот дел од парите биле стокови пари, главно злато и сребро. Сепак, овие можности за плаќање беа широко распространети и прифатени пред најмалку петстотини години во Европа и Азија. Династијата Сунг беше прва што издаваше книжна валута, додека династијата кинески: трад. Јуен беше прва што користела банкноти како доминантно средство за плаќање. Следната династија Минг, за да ја контролира инфлацијата, во 1455 г. ја укина употребата на хартиените пари и го прекина поголемиот дел од трговијата во Кина. Средновековните европски витези Темплари создале ран прототип на централниот банкарски систем, нивните начини на плаќање биле надалеку почитувани, и многу луѓе сметаат дека нивните активности ги поставија основите на современиот банкарски систем.

Првата национална банка, која нудела сметки што не се директно конвертибилни во монети, е Банката на Амстердам, основана во 1609 година и таа претставува претходник на современите централни банки.[1] Централната банка на Шведска (Sveriges Riksbank или само Riksbanken) е создадена во Стокхолм во 1664 г. како решение на Државното собрание, што ја прави најстара банка во светот што сè уште работи. Една од улогите на Шведската централна банка била да и дава кредит на владата,[2] истото е и со Банката на Англија, што ја основал Вилијам Петерсон во 1694 г. во Лондон на барање на Англиската влада за да и помогне да ја плати војната. Војната на втората антифранцуска коалиција доведе до создавање на Банката на Франција (Banque de France) во 1800 г.

Иако денешните централни банки користат законско платежно средство, централните банки од 19ти и раниот 20 век во поголемиот дел од Европа и Јапонија се развиваа под влијание на меѓународниот златен стандард, а на другите места преку слободно банкарство или валутен одбор коишто тогаш беа чести. Сепак проблемите со пропаѓањето на банките, водеа до поголема поддршка за создавање централни банки во тие земји каде што ги немаше, а посебно во Австралија.

Федералните резерви на САД се основани на сенатот на Конгресот на САД со донесувањето на Законот за Федерални резерви, и истиот ден на 23 Декември 1913 г. овој закон е потпишан од претседателот Вудро Вилсон. Австралија својата прва централна банка ја формира во 1920г., Колумбија во 1923 г., Мексико и Чиле во 1925 г., а Канада и Нов Зеланд по големата криза во 1934 г. До 1935 г., единствената значајна самостојна нација што немаше централна банка беше Бразил, подоцна во 1945 г. имаа централна банка, а 20 години подоцна ја создадоја и сегашната централна банка. Откако се осамостоија и Африканските и Азиските замји формираа централни банки или монетарни сојузи.

Народната банка на Кина нејзината улога на централна банка ја започна околу 1979 г. со воведување на пазарни реформи, што го забрза развојот и во 1989 г. земјата почна да користи капиталистички пристап за извоз. Како одговор на Европската централна банка, со понатамошниот развој, Народната банка на Кина до 2000 г. стана современа централна банка. Последниот модел на банка, беше претставен заедно со донесувањето на еврото, и вклучува координирање на Европските национални банки, кои продолжуваат да управуваат со своите економии самостојно, освен со размената на валути и со основната каматна стапка.

Именување на централните банки

уреди

Нема стандардна терминолигија за имињата на централните банки, но повеќето земји ја користат формата „Банка на земјата“ (на пример: Банка на Англија, Банка на Канада, Банка на Русија). Некои се наречени „национални“ банки како што се Националната банка на Украина; но терминот „национална банка“ почесто се користи кај приватните комерционални банки, посебно во Соединетите Американски Држави. Во други случаи централните банки можат да го припојат зборот „Централна“ ( на пример, Европската централна банка, Ирската централна банка), но Централната банка на Индија е (државна) комерцијална банка, не е централна банка. Исто така често е вклучен зборот „Резерви“ како што е Банката на резерви на Индија, Банката за парични резерви на Австралија, Банката на резерви на Нов Зеланд, Банката на резерви на Јужна Африка и Федералните резерви на САД. Многу земји имаат државни банки или други полу државни единици што имаат сосем одделни функции, како што се финансирањето на увозот и извозот.

Во некои земји особено во некои комунистички земји, терминот национална банка може да означува и монетарна управа, и водечка банка, како што е Госбанка (државна банка) од Советскиот Сојуз. Во други земји пак, терминот национална банка може да укажува дека целите на централната банка се пошироки од монетарната стабилност, како што се вработување, индустриски развој или други цели.

Активности и одговорности

уреди

Со текот на времето, задачите и функциите на централната банка еволуирале. Така, во 1983 година, ММФ дефинирал пет основни функции на централната банка:[3]

Меѓутоа, оваа класификација воопшто не значи дека секоја централна банка ги извршува сите наведени функции. На пример, голем број централни банки воопшто не издаваат пари; исто така, повеќе централни банки не вршат регулација на финансискиот систем; најпосле, повеќето центални банки само делумно работат како банкар на владата, т.е. тие го извршуваат платниот промет за сметка на владата, но немаат право да ја кредитираат или да раководат со јавниот долг. Во 2009 година, Банката за меѓународни порамнувања (БИС) објавила документ во кој се наведуваат дури дваесет посебни функции на централната банка.[3]

Во основа, централните банки се грижат за стабилноста во три области:[4]

Монетарна политика

уреди

Централните банки ја спроведуваат избраната монетарна политика во земјата. Најопшто ова значи дека, одлучуваат која валута ќе се користи во земјата, дали ќе се користат пари коишто владата ги прогласила за законско платежно средство, дали ќе се користи паричен систем во кој вредноста на парите одговара на некое количество злато( не е дозволено во земјите со членство во Меѓународниот монетарен фонд), валутен одбор или монетарен сојуз. Кога некоја држава има своја национална валута, тогаш треба да постои стандардизирана валута, во форма на соло меница: ветување за размена на меницата за „пари” под одредени услови. Историски гледано, ова било ветување за размена на пари за драгоцени метали за одредена цена. Денес кога валутите се законско платежно средство во многу земји, ветувањето за плаќање не содржи ништо друго освен ,,ветување за плаќање’’ на истата сума во истата валута.

Централната банка може да користи валута на друга држава, директно (со монетарен сојуз) или индиректно( со валутен одбор). Како пример за вториот случај, домашната валута на Бугарија, Хонгконг и Летонија се врзува за домашната валута за некоја стабилна странска валута.

Во земјите во коишто се користат пари коишто владата ги прогласила за законско платежно средство, изразот монетарна политика во потесна смисла на зборот може да се однесува на целите на каматните стапки и други активни мерки што ги презема монетарната управа.

Цели на монетарната политика

уреди

Одржување на нивото на вработеност

уреди

Фрикционална невработеност е временски период меѓу две работи, кога работникот бара нова работа или преминува од едно работно место на друго. Невработеноста за разлика од фракционалната невработеност, се смета за ненамерна невработеност.

На пример, структуралната невработеност е форма на невработеност што е резултат на несоодветноста меѓу побарувачката на пазарот на трудот, и вештините на работникот и местата каде што тој бара вработување. Макроекономската политика цели кон намалување на ненамерната невработеност. Сите работни места што ќе се создадат од зголемување на стоката за широка потрошувачка (т.е. намалување на реалната плата) Кејнс ги карактеризира како ненамерна невработеност: Мажите се ненамерно невработени ако, во случај на мал раст на цената на стоката за широка потрошувачка, прилично колку реалните плати, вкупната понуда на работници што сакаат да работат за одредена реална плата и вкупната побарувачка за истата плата ќе бидат поголеми од постоечките работни места.

Џон Мајнард Кејнс - „ Општа теорија на вработување, камата и пари“

Стабилност на цената

уреди

Инфлацијата се дефинира како девалвација на валутата или еквивалентно покачување на цените во однос на валутата.

Ако инфлацијата ги намали реалните плати, Кејнс во инфлацијата гледа решение за ненамерното невработување. Сепак ,,непредвидената’’ инфлација носи загуби за давателите на заем. Така монетарната политика на Кејнс се стреми кон стабилна стапка на инфлација.

Спротивно од Кејнс, Австриската школа за економија, ја гледа инфлацијата едноставно како префрлање пари од сопственицитена парите до тие што ја покачуваат цената на валутата.

Економски раст

уреди

Економскиот раст се зголемува со инвестирање во производството на технолошки напредоци. Штедењето може да обезбеди средства за инвестирање. Сепак, ниските каматни стапки и високата инфлација што ги придружува најчесто се дестимулативни за штедењето.

Стабилност на каматната стапка

уреди

Во пазарната економија понекогаш има променлива каматна стапка. Оваа променливост може да создаде трошоци на давачите на заем и корисниците на заем. Така, централните банки поставија каматни стапки за да ја контролираат вредноста на парите.

Стабилност на финансискиот пазар

уреди

Стабилност на девизниот пазар

уреди

Конфликти поради целите

уреди

Целите најчесто неможат да се одделат едни од други и затоа доаѓа до конфликт. Затоа трошоците мора внимателно да се измерат, пред да се спроведе политиката.

Издавање валута

уреди

Слично како комерцијалните банки, и централните банки имаат капитал (владини обврзници, девизна размена, злато, и други финансиски средства) и влегуваат во долгови (неподмирени долгови). Централните банки добиваат пари со издавање на пари без камата, и со продавање на истите во замена на средства што носат камата како што се владините обврзници. Кога некоја централна банка сака да купи повеќе обврзници отколку што нејзините одделни влади и овозможуваат, може да купи приватни обврзници или средства со вредност во некоја друга странска валута.

Европската централна банка нејзиниот доход од каматата го префрла на централните банки на нејзините членки на Европската унија. Федералните резерви на САД го префрлаат целиот профит на Министерството за финансии во САД. Овај приход од печатењето на пари се нарекува сињораж и најчесто и припаѓа на владата. Ограничената моќ на владата за да печати пари се нарекува Право на издавање на пари. Низ историјата имало многу несогласувања за ова право, бидејќи тој што го контролира создавањето на пари тој го контролира приходот од сињоражот.

Посредување за одредување на каматните стапки

уреди

Централната банка најчесто контролира одредени типови на краткорочни камати. Тоа влијае врз берзата и пазарот на обврзници, како и врз хипотеките и другите каматни стапки. На пример Европската централна банка ги објавува каматните стапки на состанокот на Управниот совет. А Федералните резерви на САД, на состанокот на Одборот на гувернери.

И Федералните резерви и ЕЦБ имаат еден или повеќе централни органи што се одговорни за најважните одлуки во врска со каматите,и за управувањето со слободниот пазар, а имаат и неколку филијали што ја спроведуваат нивната политика.

Ограничувања во управувањето

уреди

Спротивно од познатото мислење дека ,,централните банки’’ управуваат со дел или со сите каматни стапки или со девизниот курс, економската теорија (и значајни емпириски докази) покажува дека е невозможно во слободна економија да се контролираат и двете работи наеднаш.

Најпознатото дело за овие ограничени моќи е „Невозможното тројство“ од Роберт Мандел кој претпоставува дека е невозможно да се одржува монетарната политика( каматните стапки), девизниот курс (преку утврдена цена) и да се одржува слободното движење на капиталот. Сега најголем дел од Економиите на Западот се сметаат за „отворени“ со слободно движење на капиталот, тоа значи дека централните банки можат да одбираат каматни стапки или девизен курс за одржување на кредибилитетот, но не двете одеднаш.

Дури и кога се насочени само кон каматните стапки, најголемиот дел од централните банки имаат ограничена можност да влијаат на стапките што ги плаќаат физичките лица и компаниите.Во Црна среда, најпознатиот случај на неуспех на оваа политика, Џорџ Сорос со арбитража на фунтата стерлинг преку ЕКУ (европската валутна единица) (откако доби 2 милијарди долари и ја принуди Велика Британија да потроши над 8 милијарди долари за да ја задржи фунтата) ја принуди да ја напушти својата политика на управување. Од тогаш тој остро ги критикува нетактичните банкарски политики и истакнува дека никој повеќе не смее да може да го направи тоа што тој го направил.

Најсложени се врските меѓу јуан и американскиот долар, и меѓу еврото и неговите соседи. Ситуацијата со Куба е толку несекојдневна што откако Соединетите Американски Држави забранија директна трговија со Куба, кубанскиот песо се смета како исклучок од ова. По легализирањето на американскиот долар во 1991г тој многу се користеше во Куба, но во 2004г беше отстранет од употреба и заменет со конвертибилниот песо.

Инструменти на политиката

уреди

Главни инструменти на монетарната политика што им се дозволени на централните банки се управувањето со отворениот пазар, политика на задолжителни резерви, политика на каматните стапки и, политика на дисконтна стапка и кредитна политика (често усогласена со внатрешно трговската политика). Иако адекватноста на капиталот е важна, таа се дефинира и управува од Банката за меѓународни спогодби, а централните банки во практика не користат многу строги правила.

За да овозможи управување со отворениот пазар, централната банка мора да има девизни резерви (најчесто во форма на државни обврзинци) и службени златни резерви. Често има влијание врз девиниот курс: Некои девизни курсови се контролирани, некои се врз основа на пазарот(слободен тек) а повеќето се некаде на средината (контролиран тек).

Каматни стапки

уреди

Најочигледното вилјание што го имаат современите централни банки е врз каматните стапки на пазарот,но тие ретко ги „поставуваат“ стапките на утврден број. Иако начините на работата на овие банки се разликува во различни земји, повеќето користат сличен начин на работа основан врз можноста на централната банка да создаде толку пари кои се законско платежно средство, колку што се потребни. Со насочувањето на пазарот кон „одбрана стапка“ (без разлика на стапката што се користи) се дава или се зема заем во теоретски неограничени количини, додека одредената стапка на пазарот е доволно близу до стапката што ја посакуваме. Централните банки тоа можат да го постигнат со давање и земање заем (земање депозити од) од ограничен број квалификувани банки или со купување или продавање обврзници. Како пример за функционирањето на овој систем ќе ја земеме Банката на Канада која поставува каматна стапка на расположлив кредит преку ноќ, во каматни граници од плус или минус 0,25%. Квалификуваните банки позајмуваат една од друга со камати во рамките на овие граници, но никогаш над или под овие граници, бидејќи централната банка секогаш ќе дава заем со највисоката стапка од тие граници, а ќе зема депозити со стапка од дното на границата, всушност, можноста да се зема и да се дава заем со стапки од крајните линии на оваие граници се неограничени.[5] И другите централни банки работат на сличен начин.

Значајно е тоа што одбраните стапки најчесто се краткорочни стапки. Реалната стапка на пазарот која што ја добиваат корисниците на кредитот и давателите на кредитот, зависи од (забележаниот) кредитниот ризик, исплатата и други фактори. На пример централната банка може да постави каматна стапка на расположлив кредит преку ноќ од 4.5%, но стапката за (еднаков ризик) обврзници за пет години може да биде 5 %, 4.75% или во случај на опаѓачки приноси дури и под краткорочната стапка. Многу централни банки имаат една „главна стапка“ што се нарекува „стапка на централната банка“. Во пракса, имаат и други средства и каматни стапки што ги користат, но само една е строго одредена и се спроведува.

Функции на слободниот пазар

уреди

Преку функциите на слободниот пазар, централната банка директно влијае врз приливот на пари во економијата. Секогаш кога ќе купи хартии од вредност, и ќе размени пари за хартии од вредност, ја зголемува паричната маса. Спротивно на тоа, продавањето на хартиите од вредност ја намалува паричната маса. Така, со купувањето на хартии од вредност, централната банка пушта пари во оптек, односно ја зголемува количината на пари, а ја намалува понудата од одредени хартии од вредност. Главните функции на слободниот пазар се:

  • Привремено давање кредит при што, како дополнителна гаранција се даваат одредени хартии од вредност. („Договор за повторен откуп“ или познат како „Репо“ пазар). Кога ќе пристигне кредитот за наплата (за една недела, а еден месец за ЕЦБ) се дава по пат на лицитација.
  • Купување и продавање хартии од вредност (централната банка купува обврзници директно од владата) ад – хок.
  • Девизна размена преку девизен своп.

Сите овие функции можат да влијаат врз девизниот пазар а преку него и врз девизниот курс. На пример: Народната банка на Кина и Банката на Јапонија, купија државни обврзници од САД во вредност од неколку стотини милијарди долари, веројатно за да го спречат опаѓањето на американскиот долар наспроти ренминби и јен.

Потреба за поседување капитал

уреди

Одреден процент од средствата на сите банки треба да биде капитал, таа стапка ја одредува централната банка или банкарскиот супервизор. За меѓународните банки, вклучувајќи ги и 55те централни банки членки на Банката за меѓународни спогодби, прагот за ризично понедирана актива е 8%, според што кога одреден капитал (како што се владините обврзници) се смета за нискоризичен тој делумно или целосно се исклучува од вкупниот капитал што се пресметува за стапката на адекватност. Во спречувањето на неограниченото давање заем, потребата за поседување капитал се смета за поефикасна од задолжителните резерви, делумно тоа е поради загриженоста за инфлацијата на средствата и договорите за повторен откуп,: кога некоја банка е на прагот, не може да даде заем без да стекне повеќе капитал на својот биланс на состојба.

Задолжителни резерви

уреди

Низ историјата, во банковните резерви имало само мали депозити, тој систем се нарекувал банкарство на фракционални резерви. Банките задржувале само мал процент од нивните средства во парични резерви како превенција од банкарска паника. Со текот на времето овој процес почнала да го регулира централната банка. Такви законски задолжителни резерви биле донесени во 19 век како обид да се намали ризикот на банките премногу да се прошират и да се доведат до банкарска паника, а тоа може да доведе до иста ситуација и во другите проширени банки.

Во раниот 20 век, златниот стандард беше ослабен со инфлацијата, а во доцниот 20 век настана хегемонијата на доларот, банките се зголемуваа, почнаа да прават посериозни трансакции и можеа да профитираат од деловните односи, се обидуваа да ги најдат границите на приливот на пари. Народната банка на Кина имаше поголема моќ над резервите бидејќи јенот што го користеше не е конвертибилна валута.

Употребата на кредитите во банките има најголема улога во зголемувањето на приливот на пари. Парите на централната банка по вкупната исплата – „готови пари“ – можат да бидат само во една форма:

  • готовина, што ретко се користи на финансискиот пазар;
  • или, пари од централната банка што ретко ги користат луѓето.

Валутата, банковите резерви и договорите за кредити го создаваат монетарното таргетирање, што го сочинуваат монетарните агрегати М1, М2 и М3. Банката на федералните резерви го прекина печатењето на М3 во 2006г и повеќе не го сметаше за дел од приливот на пари.

Услови за размена

уреди

Некои централни банки, за да влијаат врз приливот на пари бараат сите или некои од приходите коишто се во странска валута, да бидат сменети во домашната валута. Стапката која се користи за да се купи домашната валута може да е како на пазарот, а може и со арбитража да ја постави банката. Овој начин се користи во земји со неконвертибилни валути или со делумно конвертибилни валути. На примателот на домашната валута може да му се дозволи слободно да располага со средствата, да побара да ги задржи средствата заедно со централната банка за одреден период, или да му се дозволи да ги користи средствата под услов да почитува одредени правила. Во друг случај, може да му се забрани правото да поседува девизи или да врши девизнат размена.

Со овој метод, централната банка го зголемува приливот на пари кога купува странска валута со продавање на домашната валута. Понатаму, централната банка може да го намали приливот на пари на различни начини, со продавање на обврзници или преку девизна размена. Маргинална побарувачка и други средства.

Во некои земји централните банки имаат и други средства што служат за ограничување на земањето заем и на друг начин се ограничува и се регулира пазарот на капитал. На пример, централната банка може да ја регулира каматната маргина, а со тоа лицата и компаниите можат да купуваат заложени хартии од вредност. Маргиналната побарувачка поставува минимален однос на вредноста на хартиите од вредност, за позајмената количина.

Централната банка често поставува услови за квалитеот на средствата што им припаѓаат на финансиските институции; овие услови можат да бидат граници за големината на ризикот и коефициентот на задолженост што го создала финансиската институција. Овие услови можат да бидат директни, како на пример услови за одредени средства да имаат одреден кредит рејтинг, или индиректен, кога централната банка позајмува на спротивната страна од договорот само ако некоја хартија од вредност е заложена со гаранција.

Примери на употреба

уреди

Големата комплицираност и брзото проширување на економијата во Кина ја принуди Народната банка на Кина на особено агресивни и диференцијални тактики. Во 2003г, наметна некои крајни ограничувања за давањето на заем на одердени индустрии, и продолжи да бара од 1% до 3% повеќе резерви од големите урбани банки(главно насочени кон извоз) за разлика од руралните банки. Ова во никој случај не е необична ситуација. И САД во минатото барала од нејзините филијали да се исполнат голем број на услови за резервите.

Банкарска супервизија и други активности

уреди

Централната банка во некои земји преку нејзините филијали го контролира и надгледува банкарскиот сектор. А во други земји банкарската супервизија ја води владиниот сектор како што е Министерството за финансии ва В.Б., или самостојна владина агенција ( на пример, Агенција за регулатива и супервизија на банките на В.Б.) Го испитува билансот на состојба на банките и однесувањето со потрошувачите. Им помага на банките во трансферот на финансии, банкноти и монети од странски валути, само не во рефинансирањето. Затоа често се нарекува „банка над банките“.

Многу земји како што се Соединетите Американски Држави го надгледуваат и контролираат банкарскиот сектор преку различни агенции, кои иако имаат заедничка соработка, сепак имаат различни намери и цели. На пример, банките, депозитарните институции и другите типови финансиски институции (а често се поклопуваат) може да имаат различна регулатива. Некои типови банкарска регилатива можат да бидат доделени на други владини сектори, како што се владите на провинциите. Секој картел на банките се наљудува и се контролира многу внимателно.

Независност

уреди

Во текот на последната деценија, се зголемуваше независноста на централните банки како начин за да се подобри долгорочниот економски развој. Сепак, се направија многу економски истражувања за да се дефинира врската меѓу независноста на централната банка и економскиот развој, а резултатите се двосмислени.

Бранителите на независноста на централната банка докажуваат дека централната банка што подложи на политичко влијание или притисок може да доведе до циклус на подем и пад (boom and bust), ако политичарите наведат зголемување на економската активност во корист на изборите, што ќе биде на штета на долгорочниот правилен развој на економијата во земјата. Во овој случај, најчесто независноста на централната банка се дефинира како управување и работа на банката без влијание на владата.

Во литературата за централна банка има дефинирано неколку типови самостојност.

Правна независност

уреди

Независноста на централната банка е заштитена со закон. Овој тип независност во демократските држави е ограничен; скоро во сите случаи централната банка е одговорна пред владините функционери, или пред министрите или директно пред законот. Предизвик е да се одреди степенот на правната независност, бидејќи законот има само рамка во која владата и централната банка ја развиваат својата врска.

Независност во бирањето на целите

уреди

Централната банка има право сама да ги поставува своите цели, без разлика дали тоа е таргетирање на инфлацијата, контрола на приливот на пари, или одржување на утврдените каматни стапки. Иако овој тип на независност е најзастапен, многу централни банки ги објавуваат нивните цели коишто се координирани со владините сектори. Ова ја зголемува трансарентноста во поставувањето на политиката со која ќе се води централната банка и со тоа се зголемува веродостојноста на целите што се одбрани со гаранција дека нема да бидат сменети без известување. Покрај тоа, поставувањето на заеднички цели на централната банка и владата помага да се избегнат ситуации каде што доаѓа до конфликт на монетарната и фискалната политика; стратешка комбинација што е многу неповолна.

Оперативна независност

уреди

Централната банка има независност во одлучувањето кој е најдобар начин за да ги постигне своите стратешки цели, кои средства да ги користи и кога е најдобро време за нивно користење. Ова е најчеста форма на независност на централните банки. Банката на Англија доби независност во 1997 г., всушност, доби оперативна независност; таргетирањето на инфлацијата продолжи да го објавува министерот за финанси на говорот за годишниот буџет на парламентот.

Независност во управувањето

уреди

Централната банка има овластување да ги води своите функции (да вработува персонал, да поставува буџети, итн.) без прекумерно влијание од владата. Другите форми на независност не се можни ако централната банка нема значаен степен на независност во управувањето. Еден од најпознатите статистички показатели за независноста на банката што се користи во литературата е „стапката на обрт“ на гувернерите на централните банки. Ако владата има навика често да назначува и да заменува гувернери, јасно е дека строго ја контролира централната банка преку изборот на гувернери. Се тврди дека независната централна банка може да води поверодостојна монетарна политика, и постигнувањата на пазарот да ги направи подостапни. Неодамна, Банката на Англија (1997) и Европската централна банка станаа независни и користат јавно таргетирање на инфлацијата, на тој начин пазарите знаат што да очекуваат. Дури и на Народната банка на Кина и се даде голема слободна на дејствување поради тежината на проблемите со кои се соочува, меѓутоа во Народна Република Кина официјалната улога на банката останува национална банка, наместо централна банка, поради официјалното одбивање да „не го врзува“ јенот или да го девалвира под „притисок“. Затоа независноста на Народната банка на Кина може да се гледа како независност од САД коишто го водат финансискиот пазар, наместо независност од комунистичката партија на Кина што ја води земјата. Тоа што комунистичката партија не е избрана на избори, го намалува притисокот за да ги задоволи граѓаните, зголемувајќи ја својата независност.

Владите имаат определено влијание врз независноста на „независните“ централни банки; намерата за независност е најпрво за да се спречи краткорочно влијание. На пример, претседателот на Банката за федерални резерви на САД е назначен од претседателот на САД (сите кандидати за оваа позиција се препорачани од сопствениците на федералните резерви, сите се членови на одборот), а неговиот избор мора да го потврди Конгресот.

Меѓународните организации: Светската банка, Банката за меѓународни спогодби, и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се поддржувачи на независноста на централната банка. Што е резултат на мислењето дека поголемата независност има добри страни. Поддршката за независност што ја даваат меѓународните организации делумно произлегува од врската помеѓу зголемената независност на централната банка и зголемената транспарентност во процесот на создавањето на стратегија на делување. Акциониот план на финансиските служби (FSAP) од ММФ го испитува самовреднувањето, на пример преку повеќе прашања за независноста на централната банка во делот на транспарентноста. Централната банка која е независна ќе има подобри резултати во испитувањето отколку некоја која не е независна.

Критика

уреди

Според Австриската школа, централното банкарство ја опустошува екмонијата со системската девалвација на валутата ,со создавање на оваа валута која нема природна вредност (како златото) што води до инфлација која никогаш не завршува. Главните противници на банкарство на фракционални резерви се заштитниците на Австриската теорија на бизнис циклуси, како Лудвиг фон Мизес, Фридрих Хајек и Мурас Ротбарт.

Наводи

уреди
  1. Bordo, M. (2007), "A Brief History of Central Banks", Federal Reserve Bank of Cleveland.
  2. Bordo, M. (December 2007), "A Brief History of Central Banks" Архивирано на 3 февруари 2008 г., Federal Reserve Bank of Cleveland.
  3. 3,0 3,1 Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 18-19.
  4. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 23.
  5. „Bank of Canada backgrounder: Target for the Overnight Rate“. Архивирано од изворникот на 2006-11-17. Посетено на 2016-06-27.