Ценово (Русенско)
Ценово (бугарски: Ценово) — село во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Ценово во Русенската Област. Има население од околу 1.530 жители (2022).[1]
Ценово Ценово | |
---|---|
село | |
Споменик на загинатите во војните за национално обединување. | |
Местоположба на Ценово во Бугарија | |
Координати: 43°32′16″N 25°39′19″E / 43.5378° СГШ; 25.655315° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Русе |
Општина | Ценово |
Управа | |
• Градоначалник | Петар Петров (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 47,497 км2 (18,339 ми2) |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1.530 |
• Густина | 32/км2 (83/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7139 |
Повик. бр. | +359 08122 |
Мреж. место | tsenovo.eu |
Географија и местоположба
уредиИваново се наоѓа во средниот дел на Дунавската Рамнина во близина на реката Јантра. Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од регионалниот центар Русе и на 275 километри од главниот град Софија.
Историја
уредиЦеново настанало како турски чифлик на Кара Али од Цариград, кој бил буљукбаша на бостанџиите во „Ѓулхане“ (глава на парковите во султанската градина). Административната зграда на чифликот се викала Чауш-хан. Во немирни времиња кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век, околу анот се населувале бегалци од блиските и од далечните населби заради безбедност, засолниште и опстанок. Повеќето од бегалците основале семејства именувани по нивните родни села. Како што растела населбата, нејзиното име било сменето од Чауш-хан во Чауш-ќој — село на чаушинот (Кара Али Чауш). Со ова име селото постоело до ослободувањето на Бугарија во 1878 година. По тој датум, името се зачувало со земање на наставката -ево, и станало Чаушево. Со наредба на Министерскиот совет на Бугарија бр. 2820 од 14 август 1934 година, селото Чаушево било преименувано во Ценово по познатиот свиштовски трговец Димитар Ценов, кој донирал 50 милиони лева за изградба на високото трговско училиште во блискиот град Свиштов.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.