Цветан Петровски

(Пренасочено од Цветан Петровски - Куко)

Цветан Петровски - Куко (17 март 1936 - Скопје, 30 април 2015) — македонски кошаркар и судија, еден од основачите на македонската кошарка и првиот македонски кошаркар кој заиграл за репрезентацијата на Југославија.

Цветан Петровски - Куко
Роден 17 март 1936
Починал 30 април 2015(2015-04-30) (возр. 79)
Скопје, Македонија
Занимање кошаркар и кошаркарски судија

Животопис

уреди

Петровски е роден на 17 март 1936 година. Својата играчка кариера ја минал во КК Работнички и ОКК Беко Белград, каде што настапувал заедно со легендарниот Радивој Кораќ остварувајќи бројни успеси и освојувајќи престижни трофеи и признанија во периодот на основањето на кошарката на просторот на Македонија. По одличните игри, тој успева да заигра и за Репрезентацијата на Југославија, со што станал првиот македонски кошаркар во Ју репрезентацијата. Во текот на долгогодишната играчка кариера постигнал преку 16.000 бода. По завршувањето на играчката кариера станал сојузен кошаркарски судија, а и по тоа продолжил да придонесува за развој и афирмација на кошарката. Починал во Скопје на 79 годишна возраст на 30 април 2015 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Почина легендата на македонската кошарка!. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 2015-05-01.