Цанко Јорданов Димковски ( 1924 во Младо Нагоричане, Кумановско20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 20 август 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите борби на Бригадата против непријателот на теренот кај Куманово и Велес. На 20 октомври истата година храбро загинал, во една тешка борба против балистите и Германците на реката Треска.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 187. На |first= му недостасува |last= (help)