Хувентуд
21°45′N 82°51′W / 21.750° СГШ; 82.850° ЗГД
Хувентуд Isla de la Juventud | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Нуева Херона |
Површина[1] | |
• Вкупна | 2.419 км2 (934 ми2) |
Население (2010-12-31)[1] | |
• Вкупно | 86.420 |
• Густина | 36/км2 (93/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Повик. бр. | +53-061 |
Хувентуд (шпански: Isla de la Juventud = „Остров на младоста“) е најголемиот кубански остров по самата Куба и една од нејзините покраини. Зафаќа површина од 3056 км2 и лежи 100 км југозападно од големиот кубански остров, преку Батабанскиот Залив. Ова е речиси директно на југ од Хавана и Пинар дел Рио, заради неговата раздалеченост, население и стопански особености, се смета за Специјална Општина и не е дел од ниедна покраина. Затоа островот е управуван директно од владата на Куба.
Населението брои околу 100.000 жители. Главен и најголем град е Нуеба Герона на север, а втор по големина и прв по старост е Санта Фе во внатрешноста на островот. Други населени места се Колумбија, Макинли, Санта Барбара, Кучиља Алта, Пунта дел Есте, Сиера де Кабаљос и Сиера де Касас. Островот се викал и Остров на Боровите (Isla de Pinos) пред да биде преименуван во 1978 г.
Географија и стопанство
уредиГолем дел од островот е прекриен со борови шуми, кои се извор за големата индустрија за дрвена граѓа. Северниот регион од островот има ниски ’ртови од каде се експлоатира мермер, додека пак јужниот регион е висорамнина. Земјоделството и рибарството се главните стопански гранки. Во голема мера е застапено одгледувањето на цитрусот и друг зеленчук. Тука има плажа со црн песок формирана од вулканска активност.
Островот има умерена клима, но и чести урагани. Ова е популарно туристичко одредиште, со многу плажи и одморалишта, меѓу кои и плажата Бибихагва. Сѐ до владината експропријација на сите имоти во странска сопственост во раните 1960-ти години, голем дел од земјата била во сопственост на Американци.
Сообраќај
уредиГлавниот транспорт се одвива по воден или воздушен пат. Хидрофоилите (кометас) и моторизираните катамарани се најбрзи (2-3 часа). Побавни се големите товарни фериботи кои преминуваат на главниот остров за шест часа, но тие се и поевтини. Покраината има само една општина, која исто така го носи името Хувентуд.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
Надворешни врски
уреди„Хувентуд“ на Ризницата ? |
- Општински портал Архивирано на 8 септември 2005 г. (шпански)