Христос (Гребенско)
село во префектура Гребен, Егејска Македонија
Христос (грчки: Χριστός) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, денес на територијата на општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција.
Христос Χριστός | |
---|---|
Координати: 39°57′N 21°33′E / 39.950° СГШ; 21.550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Надм. вис. | 800 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во јужниот дел на Гребенско, во непосредна близина на границата со Тесалија, на надморска височина од 800 м.
Историја
уредиНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ставрос (Христос) се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 45 куќи.[1]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Христос живееле 85 Грци.[2]
Наводи
уреди- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 277. ISBN 954430424X.