Хохкениг

планина во Берхтесгаденските Алпи, Австрија

Хохкeниг (германски: Hochkönig) – највисоката планина во Берхтесгаденските Алпи во австриската провинција Салцбург, како и планинскиот венец како целина. Берхтесгаденските Алпи се дел од Северните Варовнички Алпи.

Хохкениг
Hochkönig
Највисока точка
Надм. вис.2941 м
Истакнатост2181 м 
Шести на Алпите
Заведена какоУлтрапроминентен врв
Координати47°25′14.9″N 13°03′47.4″E / 47.420806° СГШ; 13.063167° ИГД / 47.420806; 13.063167
Име
Преводвисок крал (Германски)
ИзговорGerman: [ˈhoːxˌkøːnɪç]
Географија
Хохкениг
Hochkönig на карта

Карта

МестоСалцбург, Австрија
Матичен венецБерхтесгаденски Алпи
ТопокартаBEV ÖK50 124; ÖAV 10/2
Искачување
Прво освојување1826
Најлесен патПешачење

Местоположба уреди

Хохкениг е расположен западно од градот Бишофсхофен во австриската провинција Салцбург, на 42 км јужно од самиот град Салцбург. Хохкениг е одделен од останатиот дел на Берхтесгаденските Алпи со планинскиот превој Торшарте (Torscharte) чија надморска височина изнесува 2.246 метри. Самиот врв се наоѓа на јужниот крај на големо варовничко плато, покриено со ледник, познат како Ибергосене Алм (Übergossene Alm). Овој ледник се намалува со брзина од 6,2% годишно така што ќе исчезне во блиска иднина.[1][2]

Геологија уреди

Во највисоките делови на Хохкениг преовладува тврдиот тенкослоен варовник.

Освојување на врвот уреди

Месните ловци доста одамна се искачуваат на Хохкениг. Првото „туристичко“ искачување на врвот било на 5 септември 1826 година од професорот по теологија Петар Карл Турвизер по вообичаената денешна маршрута преку Охсенкар и Артурхаус. При искачувањето професорот бил придружуван од своите соработници Ернест фон Јоанели и Фон Сакс, како и десет носачи. Ернест Јоанели е првиот кој извршил точно мерење на надморската височина на врвот. Пократко но поопасно и подобра физичка подготвеност е трасата преку Биркархаус. Патеката преку Когел е најдолгата траса за скијање во Источните Алпи.

На Хохкениг, на надморска височина од 2 941 м, се наоѓа планинарски дом на австрискиот туристички клуб. Тоа место исто така се користи како почетна точка за параглајдерство и змејарство.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Precht 1989.
  2. Fisher et al. 2015.

Литература уреди

Надворешни врски уреди