Холомонда (река)
Холомонда (грчки: Χολομώντας) — река во Касандриско на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија. Му припаѓа на сливот на Бешичкото Езеро.[1]
Холомонда Χολομώντας | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Касандриско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Холомонда |
• координати | 40°28′51″N 23°35′14″E / 40.4809° СГШ; 23.5872° ИГД |
Устие | |
• место | Бешичко Езеро |
• координати | 40°39′37″N 23°30′08″E / 40.6604° СГШ; 23.5023° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира од истоимената планина Холомонда, северно под врвот Леригово (820,6 м). Северно од гратчето Леригово прима две притоки кои исто така извираат од подножјето на Леригово и продолжува на север под името Потамија. Ја прима притоката Караникола и свртува на северозапад под името Стакуѕила. Ги прима потоците Бурунус и Кутола, се упатува на запад, ја прима големата лева притока Куцикарли и излегува од планината источно од с. Долна Равна. Овде нагло свртува на север, ја прима големата десна притока Бургас источно од с. Лезик и се влева во Бешичкото Езеро во месноста Валта североисточно од с. Пазаруда.[1]
Притоки
уреди→ лева, ← десна