Холандските Антили на Олимписките игри
Холандски Антили учествувале на Олимписките игри од 1952 па сè до 2008 година. Како составен дел од Холандија, тие се придружиле на холандскиот бојкот на игрите во 1956 година и исто така се придружиле и на американскиот бојкот на игрите во 1980 година. Холандските Антили учествувале двапати на Зимските олимписки игри.
Холандски Антили на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||||||
Независни учесници (2012) Аруба (2016–) Холандија (2016–) |
Националниот олимписки комитет за Холандските Антили бил создаден во 1931 година и бил признаен од страна на МОК од 1950 година сè до 2011 година кога се распаднале Холандските Антили.[1] На Летните олимписки игри во 2012 година, учесниците од петте острови се натпреварувале како независни учесници.
Составни делови
уреди- Аруба (до 1986)
- Курасао
- Свети Мартин (Холандија)
- Бонер
- Свети Евстахиј
- Саба
Аруба ги напуштила Холандските Антили во 1986 година и станала составен дел на Холандија. Оттогаш, нивните спортисти се натпреваруваат одделно под сопствено знаме. По распадот на Холандските Антили во 2010 година, Бонаир, Свети Евстахиј и Саба станале дел од Холандија како специјални холандски општини. Курасао и Свети Мартин станале посебни територии од Кралството Холандија. Во 2016 година, спортистите од овие острови ќе можат да се натпреваруваат по свој избор за Холандија или Аруба.
Сите заедно се нарекуваат „Холандски Кариби“.
Знамиња
уреди-
Шестоѕвездие знамето на Холандските Антили (до 1985). Шестте ѕвезди ги претставуваат шестте острови членки на Холандските Антили.
-
Петтоѕвездие знамето на Холандските Антили (од 1986 до распадот). Бидејќи Аруба се одвоила од Холандските Антили, на знамето останале само пет ѕвезди.
Тројца учесници од петте острови на поранешните Холандски Антили можеле да се натпреваруваат како независни спортисти. Тие се натпреварувале под олимпиското знаме.
Список на медалисти
уредиОд 2008 година, Јан Боерсма е единствениот спортист од Холандските Антили кој освоил медал, сребрен медал во едрење. Иако можеле да освојат уште едно сребро на игрите во Пекинг, по финалето на 200 м, кога Чуранди Мартина завршил втор, зад Хусеин Болт и неговиот настап на кој го срушил светскиот рекорд. На Мартина не му бил доделен медалот поради протестот од американските делегати кои го обвиниле дека трчал надвор од својата патека. Иако била поднесена жалба против дисквалификацијата на 6 март 2009 година истата е одбиена од Арбитражниот суд за спорт.[2]
Медал | Име | Игри | Спорт | Настан |
---|---|---|---|---|
Сребрен | Јан Боерсма | Сеул 1988 | Едрење | Мажи едреник |
Распадот на Холандските Антили
уредиПо распадот на Холандските Антили, Олимпискиот комитет на Холандските Антили повеќе не бил признат како Национален олимписки комитет.[1] На Олимписките игри во 2012 година, претставниците од петте острови се натпреварувале како независни спортисти под олимпиското знаме. Трите спортисти од поранешните Холандски Антили учествувал како дел од независните уесници: Лиемарвин Бонавација се натпреварувал во атлетика (400 м), Филипин Ван Анолт се натпреварувал во (едрење) и Региналд Де Винд се натпреварувал во џудо (81 кг).[3] Сите тројца натпреварувачи се од Куракао. Чауранду Мартина се натпреварувала за Холандија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Curtain comes down on 123rd IOC Session“. Olympic.org.
- ↑ Martina's bid to reclaim silver rejected, ESPN.com, March 6, 2009.
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/olympics/2012/countries/independent-olympic-athletes
- „Olympic Medal Winners“. MOK. Посетено на 2008-01-16.
- „Nederlands Antilliaans Olympisch Comité“. International Olympic Committee. Посетено на 2008-01-16.