Хосе Калдерон

шпански кошаркар
(Пренасочено од Хозе Калдерон)

Хосе Мануел Калдерон (шпански: José Manuel Calderón) е шпански кошаркар, кој настапува за тимот на Њуjорк Никс во американската НБА лига. Како член на младинската репрезентација на Шпанија, тој го освои златниот медал во 1998, а контибуираше кон сребрените медали на европските првенства во 2003 и 2007. Во 2006, на Светското првенство во кошарка во Јапонија, Хосе беше првиот бек на шпанската репрезентација, кои го освоија првото место на турнирот. Како член на Рапторсите, во 2007/2008 сезона, има неверојатен просек од 5,5 асистенции за секоја изгубена топка, и заедно со Крис Бош ги водат Рапторси кон уште една успешна сезона. Во 2010-2011 сезона Калдерон има просек од неверојатни 8,9 асистенции по натпревар. 2012-2013 ја започнува во Детроит Пистонс. Во 28 натпревари Хосе бележи по 11,3 бода по натпревар и 7,1 асистенција. На 11 јули 2013 година потпишува 4 годишен, 28 милионски договор со Далас Маверикс. Ја завршува сезоната со просеци од 11.4 бода по натпревар и 4.7 асистенции. На 25 јуни 2014 е испратен во Њујорк Никс. Надвор од теренот, тој е амбасадор за разни хуманитарни организации, како „Right to Play“ (Право да се игра).

Хосе Калдерон
Позицијаплејмејкер
Висина1,91 м
Тежина95 кг
ЛигаНБА
КлубЛ.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Број5
Роден28 септември 1981(1981-09-28)(43 г.)
Вилануева де ла Серена, Бадахос, Шпанија
НационалностШпанија Шпанија
Драфт2003 / Не драфтуван
Проф. кариера1998–
Клубови
1998-2005Саски Басконија
1998-1999→Депутсион Форал
1999-2001→Лукентум Аликанте
2001-2002→Фуенлабрада
2005-2013Торонто Торонто Репторс
2013Детроит Детроит Пистонс
2013-2014Далас Далас Маверикс
2014-2016Њујорк Никс Њујорк Никс
2016-Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Репрезентација
Инфо од: 29.11.2016.
Хосе Калдерон
Медали
Машка Кошарка
Натпреварувач за  Шпанија
Олимписки игри
Сребрен медал – второ место Пекинг 2008
Светски првенства
Златен медал - прво место Јапонија 2006
Европски првенства
Сребрен медал – второ место Шведска 2003
Сребрен медал – второ место Шпанија 2007