Химна на слободата
Химна на слободата (грчки: Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν, Ýmnos is tin Eleftherían) е поема напишана од Дионисиос Соломос во 1823 година, што се состои од 158 строфи. Музиката ја компонирал Николаос Манѕарос. Во 1865 година, првите три строфи, а подоцна првите две, официјално станале државна химна на Грција, а подоцна и на Република Кипар.
макед. Химна на слободата | |
---|---|
Imnos eis tin Eleftherian | |
Нотите и текстот на химната | |
Национална химна на Грција и Кипар | |
Текст | Дионисиос Соломос, 1823 |
Музика | Николаос Манцарос, 1865 |
Усвоена | 1865 г. (Грција); 1966 г. (Кипар) |
Звучен извадок | |
инструментална верзија | |
Во Уставот на Кипар од 1960 година не се спомнува ништо околу химната. По договорот направен меѓу двете етнички заедници на островот (грчката и турската), во официјални околности, некое дело од класичната музика требало да се изведува како химна. Сепак, по отфрлањето на измените и дополнувањата на Уставот предложени од Макариос III во 1963 година и граѓанската војна, турските претставници излегле од Владата. Ова резултирало со одлука на Советот на министри од 16 ноември 1966 година[1] Химна на слободата да се усвои како официјална химна на грчкиот дел на Кипар. Химна на слободата била и грчка кралска химна (од 1864 г.).
Музиката за химната била компонирана во 1865 година од страна на крфскиот композитор на опери Николаос Манѕарос, кој компонирал две хорски верзии, една долга (за целата поема) и кратка (за првите две строфи). Подоцна кратката верзија е прифатена за државна химна на Грција.
Оваа химна се изведува на секоја завршна церемонија на Олимпијадата, со што и се оддава почит на Грција како на лулка на древните Олимписки игри.
Текст
уреди
Σε γνωρίζω από την κόψη, Απ' τα κόκαλα βγαλμένη, |
изговор Se gnorízo apó tin kópsi, Ap' ta kókala vgalméni, |
македонски (поетски превод) Секогаш ќе те познавам Смртта на Грците од дамнина |
Наводи
уреди- ↑ „Presidency of the Republic of Cyprus - The National Anthem“. Архивирано од изворникот на 2011-08-21. Посетено на 3 мај 2011.