Хималајски тар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Кози
Род: Тар
Вид: Хималајски тар
Научен назив
Hemitragus jemlahicus
(Смит, 1826)
Распространетост

Хималајски тар (научHemitragus jemlahicus) — копитар од Хималаите во јужен Тибет, северна Индија и Непал. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) го смета за речиси загрозен поради надолното движење на нивниот што се должи на ловот и загубата на живеалиштата.[1]

Филогенетската анализа покажува дека хималајскиот тар е сроден на козите и овците, а родот тар (Hemitragus) е едновиден.[2] Му припаѓа на редот парнокопитни (Artiodactyla).[3]

Хималајскиот тар е доведен во Нов Зеланд и ЈАР.[4] Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[5]

Таксономија

уреди

Тарите припаѓаат на потсемејството кози во редот парнокопитни. Нивните најблиски роднини во потсемејството кози се овците и козите.[3] Подвидот источнохималајски тар или шапи, бил опишан во 1944 година.[6] Оваа класификација повеќе не се смета за валидна и во моментов не се признава ниеден подвид.[1]

Етимологија

уреди

Зборот тар е непалски збор и првпат бил употребен во англиските списи (tahr) во 1835 година.[7]

Родното името на Hemitragus потекнува од грчките зборови хеми што значи половина и трагос што значи коза.[8][9]

Изглед

уреди
 
Хималајски тар во Зоо Скопје.

Ова животно има мала глава, мали шилести уши, големи очи и различни рогови кај мажјаците и женките.[3] Роговите достигнуваат должина од 46 см. Телесно се одликува со полов диморфизам, при што женките се помали од мажјаците и имаат помали рогови. Роговите се свиени наназад, спречувајќи повреди за време на сезоната за парење, кога мажјаците се удираат со нив. Просечниот мажјак тежи околу 73 кг, а просечната женка само 36 кг, и има помала во висина отколку во должина[10] По надворешноста, тарот е добро приспособен за суровите животни услови на Хималаите. Имаат дебело црвенкасто крзно и дебело поткрзно, со цел да се заштитат од студот и ветриштата. Кон крајот на зимата, крзното им се проретчува (познато како митарење) и добива посветла боја, што претставува начин на прилагодување на телесната температура според условите.[11]

Како копитар , тарот има парен број на ножни прсти на копитото. Имаат особена способност за искачување и по мазни и по груби површини, потребна за движење по планинскиот терен на којшто живеат. Копитата имаат гуменеста внатрешност, што им овозможува фат на мазни камења и карпи, додека пак кератинот околу неа им дава трајност и издржливост, важна за сигурно одење по нерамни предели.[11]

Хималајскиот тар просечно живее 14-15 години, при што женките се подолговечни од мажјаците. Најстарата позната единка достигнала возраст од 22 години, живеејќи во заробеништво.[12]

Размножување

уреди

Таровите се многуженци, а межјаците покажуваат висок степен на меѓусебно соперништво кога треба да се придобијат женки. Младите полово зрели мажјаци талкаат по пределите и се парат во првата поволна прилика (кога наоколу нема поголеми мажјаци), додека пак повозрасните (постари од 4 години) влегуваат во обредни борби за женки. За време на сезоната за парење, плодните мажјаци губат голем дел од масните резерви, додека пак женките и неплодните мажјаци остануваат исти, што значи дека ова поведение има значаен издаток.[13] Доминантноста на мажјаците зависи од големината, тежината и нивото на тестостерон. Интересно е тоа што мажјаците со посветло крзно имаат полесен пристап до женки.[14] Бременоста кај женките трае 180–242 дена и се раѓа по едно јаре.[13][15] Ова укажува на крајната важност на половата селекција за физичката сила и способност на мажјаците.

Исхрана

уреди

Бидејќи се растителнојадни, таровите го поминуваат најголемито дел од денот во пасење треви и брстење на листови и некои плодови.[15] Кратките нозе им даваат рамнотежа кога посегаат по лисјата на грмушките и малите дрвца.[11] Тарот јаде повеќе дрвенести отколку билни растенија,[16] а дури 75% треви.[17] Како и останатите шуплороги, ова животно е преживар и има сложен систем за варење. Повеќекоморниот стомак му овозможува повеќепати да ја враќа храната, да ја преџвакува и така да добива хранливи состојки од инаку несварлив растителен материјал.

Екологија и живеалиште

уреди
 
Хималајски тар во Непал.

Хималајскиот тар е прилагоден на живот во студени карпести предели по планините. На Хималаите живее на надморска височина од 2.500 до 5.000 м. Се храни со голем број разновидни растенија и често живее на места кајшто растителноста е изложена и погодна за пасење или брстење. Зиме, снегот ги прекрива растенијата на повисоките места, па затоа тарот се симнува да живее на пониско.[18]

Непријатели

уреди

Значаен непријател на хималајскиот тар е снежниот леопард,[19] кој воедно лови и други копитари, поради што се јавува привидна конкуренција помеѓу тарот и други тревопасни видови. Привидната конкуренција се јавва кога два вида имаат ист непријател. Во вакви околности, зголемувањето на бројноста на еден вид го зголемува и бројот на непријателот, што потоа се претвора во зголемување на жртвите кај другиот вид.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Bhatnagar, Y. V. & Lovari, S. (2008). „Hemitragus jemlahicus“. IUCN Red List. Version 2014.3. International Union for Conservation of Nature.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Ropiquet, A. & Hassanin, A. (2005). Molecular evidence for the polyphyly of the genus Hemitragus (Mammalia, Bovidae). Molecular Phylogenetics and Evolution 36 (1): 154–168.
  3. 3,0 3,1 3,2 Theodor, J. M. (2001). „Artiodactyla (Even-Toed Ungulates Including Sheep and Camels)“. Encyclopedia of Life Sciences. doi:10.1038/npg.els.0001570. ISBN 978-0470016176.
  4. Grubb, P. (2005). Wilson, D.E.; Reeder, D.M. (уред.). Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494.
  5. „Тар“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 27 јули 2015.
  6. Pohle, H. (1944). „Hemitragus jemlahicus schaeferi sp. n., die östliche Form des Thars“. Zoologischer Anzeiger. 144 (9/10): 184–191.
  7. Simpson, J. A., & Weiner, E. S. C. (1989). Oxford English Dictionary (Второ изд.). New York: Oxford University Press.
  8. Liddell, H.G.; Scott, R. (1940). „ἡμῐ-“. A Greek–English Lexicon (Ninth. изд.). Oxford: Clarendon Press.
  9. Liddell, H.G.; Scott, R. (1940). „τράγος“. A Greek–English Lexicon (Ninth. изд.). Oxford: Clarendon Press.
  10. http://animaldiversity.ummz.umich.edu/accounts/Hemitragus_jemlahicus/
  11. 11,0 11,1 11,2 "Himalayan tahr", http://www.ultimateungulate.com/tahrhim.html Архивирано на 12 февруари 2004 г., (Nov. 2001).
  12. Smith, A. T., Yan Xie, Hoffman, R., Lunde, D., MacKinnon, J., Wilson, D. E. and Wozencraft, W. C. 2008. A Guide to the Mammals of China. Princeton University Press, Princeton, New Jersey.
  13. 13,0 13,1 Forsyth, David M., Richard P. Duncan, Ken G. Tustin, and Jean-Michel Gaillard. “A Substantial Energetic Cost to Male Reproduction in a Sexually Dimorphic Ungulate.” Ecology 86, no. 8 (August 1, 2005): 2154–2163. doi:10.1890/03-0738.
  14. Lovari, S., B. Pellizzi, R. Boesi, and L. Fusani. “Mating Dominance Amongst Male Himalayan Tahr: Blonds Do Better.” Behavioural Processes 81, no. 1 (May 2009): 20–25. doi:10.1016/j.beproc.2008.12.008.
  15. 15,0 15,1 UCN 2012. IUCN Red List of Threatened Species: Hemitragus Jemlahicus (Himalayan Tahr). Version 2012.2 http://www.iucnredlist.org/details/9919/0.
  16. Watson, Michael(2007). “Aspects of the feeding ecology of Himalayan tahr (Hemitragus jemlacicus), some comparisons with chamois (Rupicapra rupicapra rupicapra) and implications for tahr management in New Zealand” . Lincoln University.
  17. Clauss, M., Hummel, J., Vercammen, F., Streich, W. J., (30 June 2005) Observations on the Macroscopic Digestive Anatomy of the Himalayan Tahr (hemitragus jemlahicus). Anatomia, Histologia, Embryologia.
  18. Himalayan tahr (Hemitragus jemlahicus). Arkive. http://www.arkive.org/himalayan-tahr/hemitragus-jemlahicus/ Архивирано на 14 јули 2012 г.
  19. Ale, Som B. “Ecology of the Snow Leopard and the Himalayan Tahr in Sagarmatha (Mt. Everest) National Park, Nepal.” University of Illinois, 2007. http://www.carnivoreconservation.org/files/thesis/ale_2007_phd.pdf.

Надворешни врски

уреди