Тибетска сина мечка

(Пренасочено од Хималајска снежна мечка)
Тибетска сина мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos pruinosus
Blyth, 1854

Тибетската мечка или Тибетската сина мечка (Ursus arctos pruinosus)[1] е подвид на кафеавата мечка (Ursus arctos) кој живее во Тибет. Позната е и под името Хималајска сина мечка[2], Хималајска снежна мечка или Тибетска кафеава мечка. Овој подвид претставува една од најретките мечки и многу ретко може да се забележи во природата. Во западниот свет оваа мечка е речиси непозната, сè што се знае за неа е добиено преку изучување на крзното и примероци од коски. За првпат е класифицирана во 1954 година.

Тибетската сина мечка се смета за можна инспирација за легендата за Јети. Во 1960 експедицијата која била во потрага по докази за постоењето на Јети, водена од Сер Едмунд Хилари, донела две парчиња крзно кое од мештаните било идентификувано како „крзно на Јети“. Сепак после научните истражувања било утврдено дека крзното всушност припаѓа на Тибетската сина мечка. Иако оваа мечка обично не живее на високите планини каде што се смета дека живее Јети, сепак можно е некои единки да заскитаат во овие региони во потрага по храна или по партнер. Поради малкуте информации со кои располагаат научнците овие шпекулации не може да бидат потврдени.

Точниот заштитен статус на овој подвид не може да се определи поради мал број на информации. Сепак е поставен на списокот на заштитени видови. Најголема опасност претставува уништувањето на нивното природно живеалиште и употребата на нивниот жолчен меур во кинеската медицина.

Наводи

уреди
  1. Lydekker P.Z.S (1897). „The Blue Bear of Tibet“. Journal of Asiatic Soc. Bengal. XXII: 426. no
  2. Arthur de Carle Sowerby (1920). „Notes on Heude's Bears in the Sikawei Museum, and on the Bears of Palaearctic Eastern Asia“. Journal of Mammalogy - American Society of Mammalogists: 225. no

Надворешни врски

уреди