Едмунд Хилари

(Пренасочено од Сер Едмунд Хилари)

Едмунд Персивал Хилари (Окленд, 20 јули 1919 - Окленд 11 јануари 2008) бил новозеландски планинар и истражувач, најпознат поради тоа што е првиот освојувач на Монт Еверест. Тој стигнал на врвот на 8.850-метарската планина на 29 мај 1953 г. со Непалецот Тенцинг Норгај.

Едмунд Хилари
Edmund Percival Hillary
Хилари во 1953 г.
Роден(а)Едмунд Персивал Хилари
20 јули 1919(1919-07-20)
Окленд, Нов Зеланд
Починал(а)11 јануари 2008(2008-01-11) (возр. 88)
Окленд, Нов Зеланд
Познат(а) поосвојување на Монт Еверест заедно со Тенцинг Норгај
Сопружник
  • Луиза Мери Роуз (в. 1953; нејзината смрт 1975)
  • Џун Малгру (в. 1989; неговата смрт 2008)
Деца3

Сер Едмунд бил единствениот жив Новозеланѓанин кој се појавил на банкнота.