Планината Хибок-Хибок (исто така позната како Вулкан Катарман[3]) — стратовулкан на Камигин,остров на Филипините. Тој е еден од активните вулкани во земјата и дел од Тихоокеанскиот огнен прстен.

Хибок-Хибок
Вулкан Катарман
Највисока точка
Надм. вис.1332 м [1]
Истакнатост700 м [2]
Координати9°12′02″N 124°40′05″E / 9.20056° СГШ; 124.66806° ИГД / 9.20056; 124.66806
Друго имеВулкан Катарман
Географија
Хибок-Хибок на карта

Карта

МестоКамигин
ЗемјаФилипини
РегионСеверен Минданао
ПровинцијаКамигин
Геологија
ВидСтратовулкан
Вулкански лак/појасЦентрален вулкански лак на Минданао Central
Последен избув1948-1953
Искачување
Најлесен патод топлите извори Ардент

Опис

уреди

Вулканолозите го класифицираат Хибок-Хибок како стратовулкан и тој претставува комплекс од вулкански куполи со надморска височина од 1332 метри и пречник на основата од 10 километри.

Вулканот има шест топли извори (Ардент Спринг, Тангоб, Бугонг, Тагдо, Насаг и Кијаб), три кратера (кратерот Канангкан место на ерупцијата во 1948, кратерот Итум, место на ерупцијата во 1949 и кратерот Илихан, место на ерупцијата во 1950).

Неговите соседни вулкански зданија се планината Вулкан, висока 580 метри, северозападно од Хибок-Хибок, планината Мамбаџао, во средината на Камигин, висока 1552 метри, планината Гинсилибан, јужно од Камигин, висока 581 метар, планината Бутај, висока 679 метри и планината Ухај, североно од Гинсилибан. Во близина исто така се и вулканскитете куполи и конуси на Кампана Хил, Минокол Хил, Трес Маријас Хил, планината Карлинг, Тибане и Пијаконг.

Планината Тимпунг и Хибок-Хибок се дел од Природниот споменик Тимпунг и Хибок-Хибок.

Панорама од врвот на Хибок-Хибок

Ерупции

уреди

Хибок-Хибок избувнал пет пати во модерната историја. Првата запишана ерупција се случила во 1827 и слична активност следела во 1862.[4]

 
Вулканите Хибок-Хибок и Камигин

1871 до 1875

уреди
 
Потонатите гробишта во Катарман поради ерупцијата на вулканот

На 16 февруари 1871 година, земјотреси и подземни татнежи почнале да се чувствуваат на островот, кои  се засилиле до 30 април кога вулканска пукнатина се отворила 400 метри југозападно од селото Катарман, на северозападната падина на вулканот Хибок-Хибок. Од отворот постојано избивала лава која цели четири години течела во морето, уништувајќи го градот. Во исто време, вулканскиот вентил изградил конус денес познат како планината Вулкан. Во 1875 година, експедицијата Челинџер, ја посетила областа а членовите на истата ја опишале планината како купола висока 590 метри, без каков било кратер, но која сепак испушта чад и сјае на врвот.[5]

Делот од градот на кој се наоѓале гробишта пропаднал во морето и денес местото е обележано со огромен бел крст во близина на брегот. Населбата била релоцирана онаму каде што градот Катарман се наоѓа денес. Остатоците на стариот Катарман како и урнатините на старата шпанска црква, манастирот и камбанаријата сега се нарекува Гиоб.

1897 до 1902

уреди

Во 1897 година, Хибок-Хибок испуштил бел сулфурен гас кои ги оштетиле фармите на островот. Фумаролската активност продолжила до 1902 година.

1948 до 1951

уреди
 
Опсерваторија на вулканот Хибок-Хибок на Филипини

Од 1948 до 1951 година, планината Хибок-Хибок постојано татнела и чадела. Имало исто така и лизгање на земјиштето со земјотреси заедно со пирокластични текови. Пелешката ерупција во 1948 година од кратерот Канангкан предизвикала мала штета и загуба на човечки животи. Ерупцијата во 1949 година, од кратерот Итум предизвикала 79 смртни случаи поради лизгање на земјиштето. Утрото на 4 декември 1951, вулканот повторно избил. Овојпат, од вулканот бликнала голема количина жешка лава, отровни гасови и имало лизгање на земјиштето доволно да се уништи речиси 19 км2 земјиште, особено во Мамбаџао. Сè на сè, загинале над 3,000 луѓе. Пред ерупција на Хибок-Хибок во 1951 година, населението на Камигин броело 69,000. По ерупција, населението се намалило за околу 34,000 поради масовното иселување.

Вулканолозите забележале еруптивна шема при ерупцијата во 1948-1952 (циклус од четири фази) која почнува со краток период на испуштање пареа од кратерот и лавини на вулкански материјали, проследени со експлозии или избивање на пареа со емисија на тешки облаци од пареа, пепел и други фрагментарни вулкански материјали со голема можност за развој на пирокластични текови. Третата фаза вклучува ерупција на светлосни материјали, исфрлање на пепел и пареа во големи количини, формирање на текови и повремени мали кратерски изливи, и најпосле намалување на пареата и други исфрлени материјали од кратерот.

Планинарење

уреди
 
Кратерот на Хибок-Хибок виден од планинарската патека Јамбинг.

Хибок-Хибок е популарно одредиште за планинарење на островот Камигин. За ваквата активност потребна е дозвола од канцеларијата на Службата за природни ресурси на Филипини (DENR) во Мамбаџао. Вообичаено потребни се од 3-5 часа за да се стигне до врвот. Најчесто се оди преку топлите извори Ардент во Мамбаџао. Од врвот се гледаат панорамите на островот Вајт, Бохол на север, Источен Минданао и островот Сикихор на запад. Поранешниот кратер на Камигин исто така може да се види.[6]

Луѓето планинарат и на планината Вулкан. По патеката има римокатолички статуи кои прикажуваат 14 настани од Христовото распетие. Тие се подигнати во спомен на жртвите од последната ерупција во 1950-тите.[7] Планината Вулкан, која локално се нарекува Стариот Вулкан а  всушност е најмладиот вулкан на островот, формиран при ерупцијата во 1871 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Camiguin“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2008-11-04. (англиски)
  2. "Hibok-Hibok, Philippines". Peakbagger.com. Retrieved 2013-03-11.
  3. "Camiguin - Synonyms and Subfeatures" Архивирано на 16 октомври 2012 г.. Global Volcanism Program. Посетено на 2012-03-25.
  4. „Philippine Volcanoes“. ABS-CBN Broadcasting Corporation. 1996. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2008-11-04.
  5. Becker, George F. (1901). "Report on the Geology of the Philippine Islands", p.42-43. Washington Government Printing Office, 1901.
  6. „PinoyMountaineer: Mount Hibok-Hibok“. 18 August 2007. Посетено на 2007-10-25.
  7. Sago (2009-04-09). "Camiguin Island's Stations of the Cross". Let's Go Sago!. Посетено на 2011-01-16.

Надворешни врски

уреди