Хетеросексизам
Хетеросексизамот почна да се користи како термин аналоген на сексизам или расизам, опишувајќи идеолошки систем којшто ја побива, клевети и стигматизира секоја нехетеросексуална форма на однесување, идентитет, врска или заедница (Херек, 1990 година). Употребата на зборот ‘хетеросексизам’ ја означува паралелата помеѓу антигеј склоностите и другите форми на предрасуди, како што се расизмот, антисемитизмот и сексизмот.
Како основачкиот расизам и сексизам, хетеросексизмот продира низ општествените обичаи и институции. Тој делува низ двојните процеси на невидливост и напад. Хомосексуалноста вообичаено останува културно невидлива; кога луѓето кои се однесуваат хомосексуално или кои се идентификувани како хомосексуалци, стануваат видливи, тие се предмет на напад од општеството.
Примери за хетеросексизам во САД се, да речеме, непрекинатата забрана против лезбејскиот и геј воен кадар; широко распостранетиот недостаток од легална заштита од антигеј дискриминацијата во вработувањето; непријателството кон лезбејските и геј врски, неодамна покажано со поминувањето на федералните и државни закони против истополовите бракови; и постоењето на законите за содомија во повеќе од една третина од државите.
Иако употребата на двата збора не е униформирана, хомофобијата е типично употребувана за да опише поединечни антигеј ставови и однесувања затоа што хетеросексизамот се однесува на социјалните идеолошки нивоа и модели на институционално угнетување на не-хетеросексуалните луѓе.