Томиславград — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Херцегбосанскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Томиславград има 5.760 жители.

Томиславград
Tomislavgrad
Општина
Знаме на ТомиславградГрб на Томиславград
Прекар(и): Дувно
Местоположба на градот
Местоположба на градот
Томиславград is located in Bosnia and Herzegovina
Томиславград
Томиславград
Местоположба на градот
Координати: 43°43′N 17°14′E / 43.717° СГШ; 17.233° ИГД / 43.717; 17.233
Земја Босна и Херцеговина
EntityФедерација Босна и Херцеговина
Историски регионТрополе
Управа
 • ГрадоначалникИван Вукадин
Површина
 • Земјишна967 км2 (373 ми2)
Надм. вис.&10000000000000900000000900 м
Население (2013)
 • Вкупно31,592
 • Густина33/км2 (90/ми2)
Повик. бр.+387 34
Мреж. местоtomislavgrad.gov.ba

Историја

уреди

Регионот околу Томиславград бил населен уште во античкиот период[1]. Кон крајот на бронзеното време регионот бил населен од страна на повеќе индоевропски племиња познати како Илири. Регионот бил населен со илирското племе Далмати[2].

По римското освојување на оваа област регионот бил вклучен во составот на провинцијата Далмација. Во текот на средниот век градот бил вклучен во составот на Босанско Кралство. На почетокот од 15 век Босна била освоена од Османлиското Царство. Во текот на овој период започнала изградбата на градот. Во 1878 година Томиславград бил окупиран од Австроунгарија. Од 1918 станал дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1929 година кралството било преименувано во Кралство Југославија и поделено во девет бановини.

Од 1941-1945, Томиславград бил дел од Независна Држава Хрватска. По крајот на Втората светска војна, Ливно станал дел од Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, како дел од СФРЈ, а по распаѓањето станал дел од Федерација Босна и Херцеговина.

Население

уреди
Томиславград
Година 1991 1981 1971
Хрвати 3.164 (63,12%) 2.528 (59,74%) 1.809 (55,40%)
Муслимани 1.472 (29,36%) 1.248 (29,49%) 1.167 (35,74%)
Срби 219 (4,36%) 214 (5,05%) 241 (7,38%)
Југословени 95 (1,89%) 201 (4,75%) 16 (0,49%)
Останати 62 (1,23%) 40 (0,94%) 32 (0,98%)
Вкупно 5012 4231 3265

Наводи

уреди
  1. (хрватски) Bagarić, Ivo. Duvno: Povijest župa duvanjskog samostana. Sveta baština. 1989
  2. The Cambridge Ancient History Vol. 11: The High Empire, AD 70-192 by Peter Rathbone, page 597, "... One such place was Delminium, from which the Illyrian Delmatae took their name, attacked more than once by Roman consuls ..."

Надворешни врски

уреди
  • „Općina Tomislavgrad“. Tomislavgrad.gov.ba. 2016-02-29. Посетено на 2016-03-04.
  • „バイクの免許を取ろう |“. Tomislavgrad-online.com. 2015-09-25. Архивирано од изворникот на 2007-03-25. Посетено на 2016-03-04.
  • „Početna“. Tomislavcity.com. Посетено на 2016-03-04.