Хектор Мало
Хектор Мало (француски: Hector Malot, роден на 20 мај 1830 во Ла Буј - починал на 17 јули 1907 во Фонтне су Боа) — француски писател, кој се вбројува кон групата на француски реалисти. Најпознат е по својот роман „Без дом“.
Хектор Мало | |
---|---|
Хектор Мало | |
Роден/а | 20 мај 1830 Ла Буј, Франција |
Починат/а | 17 јули 1907 Фонтне су Боа, Франција |
Занимање | поет, писател |
Државјанство | Французин |
Книжевно движење | реализам |
Биографија
уредиЕктор Мало е роден на 20 мај 1830 година во Ла Буј, блиску до Руан. Студирал право во Руан и Париз, но за своја професија го избрал новинарството. Подоцна негова страст станала литературата. Работел како театарски критичар за „Lloyd Francais“ и како литературен критичар за „L'Opinion Nationale“.
Првата негова книга, објавена во 1859 година била „Les Amants“. Вкупно има напишано над 70 книги. Најпознатата негова книга е „Sans Famille“ од 1878 година, која раскажува за авантурите по патиштата на Франција на сирачето Реми што на 5-годишна возраст е продадено на уличниот музичар Виталис. Романот се стекнал со слава на детска книга, иако првично не била замислена како таква.
Во 1895 година тој го објавил своето повлекување од уметничката литература, но во 1896 година се вратил објавувајќи го „Le Roman de mes Romans“.
Дела
уреди- Victimes d'Amour
- Les Amants (1859)
- Les Epoux (1865)
- Les Enfants (1869)
- Les Amours de Jacques (1860)
- Un beau-frère (1869)
- Une belle-mère (1869)
- Romain Kalbris
- Une Bonne affaire (1870)
- Mme Obernin (1870)
- Sans Famille (1878)
- En Famille (1893)
- Le Roman de mes Romans (1896)
- Pages choisies (1898)
Надворешни врски
уреди„Хектор Мало“ на Ризницата ? |
- Дела од Hector Malot на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Хектор Мало на Семрежниот архив
- Дела од Хектор Мало на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)