Паскал (единица)
единица за притисок
(Пренасочено од Хектопаскали)
Оваа статија се однесува на SI-единица за притисок. За други значења, погл. Паскал (појаснување).
Паскал (Pa) е единицата за притисок во SI.
Паскалот се изведува од дефиниционата равенка за притисок откаде што се добива дека
Значи, притисокот е еден паскал (1Pa) ако на 1m2 површина, нормално дејствува сила со модул од 1N. Во практиката се користат и декадно поголемите единици за притисок, како што се килопаскал (kPa) и мегапаскал (MPa).
Земјината атмосфера врз површината на океанската вода врши притиоск p0=101x325 Pa при температура од 0oC. Овој притисок се смета за нормален атмосферски притисок.
Ова е табела за вредностите на притисокот на различни места:
0.5 Pa | Атмосферски притисок на Плутон (грубо кажано, податок од 1988) |
10 Pa | Зголемување на притисокот на еден mm воден столб¹ |
1 kPa | Атмосферски притисок на Марс, ∼1 % од атмосферскиот притисок на височината на морето на Земјата |
10 kPa | Зголемување на притисокот на еден m воден столб¹, или пад на воздушниот притисок кога се тргнува од нивото на морето до 1000 m надморска височина |
101.325 kPa | Стандарден атмосферски притисок на нивото на морето на Земјата = 1013.25 hPa |
100 MPa | Притисок на дното на Маријанскиот Ров, околу 10 км под површината на океанот |
10 GPa | Дијамантите се формираат |
100 GPa | Теориска сила на затегнување на карбонските нанотуби |
¹на Земјината површина
паскал | бар | техничка атмосфера | стандардна атмосфера |
Милиметар на живиниот столб (тор) |
фунта на квадратен инч | |
---|---|---|---|---|---|---|
Pa | bar | at | atm | torr | psi | |
1 Pa | ≡ 1 N/m2 | 10−5 | 1,0197×10−5 | 9,8692×10−6 | 7,5006×10−3 | 145,04×10−6 |
1 bar | 105 | ≡ 106 dyn/cm2 | 1,0197 | 0,98692 | 750,06 | 14,5037744 |
1 at | 0,980665 ×105 | 0,980665 | ≡ 1 kp/cm2 | 0,96784 | 735,56 | 14,223 |
1 atm | 1,01325 ×105 | 1,01325 | 1,0332 | ≡ p0 | 760 | 14,696 |
1 torr | 133,322 | 1,3332×10−3 | 1,3595×10−3 | 1,3158×10−3 | = 1 mmHg | 19,337×10−3 |
1 psi | 6,895×103 | 68,948×10−3 | 70,307×10−3 | 68,046×10−3 | 51,715 | ≡ 1 lbF/in2 |