Хедвигенког
Хедвигенког (германски: Hedwigenkoog) — општина во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Хедвигенког | |
Здобиена земја од Северното Море кај Хедвигенког | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Дитмаршен |
Месна заед. | Бизум-Веселбурен |
Градоначалник | Клаус Николај |
Основни податоци | |
Површина | 16,36 км2 |
Надм. височина | 0 м |
Население | 224 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 14 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HEI |
Пошт. бр. | 25761 |
Повик. бр. | 04833, 04834 |
Портал | amt-buesum-wesselburen.de |
Местоположба на Хедвигенког во рамките на округот Дитмаршен | |
Координати | 54°11′N 8°50′E / 54.183° СГШ; 8.833° ИГД |
Хедвигенког се наоѓа на брегот на Северното Море, северно од Бизум. Се состои од 1.600 хектари мочуриште здобиено од морето (наречено „ког“ на германски) и заштитено со брана во 1696 година за да се обезбеди земјена врска помеѓу Бизум и Веселбурен. Првиот дел од нејзиното име доаѓа во чест на Хедвиг Софија од Шведска, жена на војводата Фридрих IV на Шлезвиг-Холштајн-Готорп.
Грбот на општината е изменета верзија на печатот на војводата и прикажува лебед кој држи јагула. Животните во првобитната верзија биле штрк и змија.
Стопанството на Хедвигенког се заснова на земјоделство и ветерна енергија, како и туризам, кој во последните години е растечка гранка.
Наводи
уредиОваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |