Хаџимуратова џамија
џамија во Ресен
Хаџимуратова џамија (или Горна џамија) — стара османлиска џамија во градот Кичево. Му припаѓа на Ресенското муфтиство на ИВЗ.[1][2]
Хаџимуратова џамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Ресен, Македонија |
Координати | 41°5′33″N 21°0′40″E / 41.09250° СГШ; 21.01111° ИГД |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | раноосманлиски |
Завршен | 1612 |
Особености | |
Минариња | 1 |
Храмот се наоѓа во северниот дел на градот. Изграден е во 1612 година и првично бил етнокатен. Во 1896 година е обновен и зголемен од Ахмед Нијази-бег, кој доградил уште еден кат за молитви, а првиот станал училиште. Џамијата повторно е обовена во 1997 - 1998 година.
Според муслиманските преданија раскажани од ресенскиот оџа, Хаџимуратовата и Хаџирамадановата џамија (другиот муслимански храм во Ресен) се изградени од двајца браќа од Битола по име Хаџи Радаман и Хаџи Мустафа. Според христијанските преданија, обете џамии се изградени на местата некогашни цркви.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 273. ISBN 9789989920554.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 21. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-24. Посетено на 2022-03-25.
Надворешни врски
уреди- Хаџимуратова џамија на Ризницата ?