Хаџирамаданова џамија
Хаџирамаданова џамија (или Долна џамија) — стара османлиска џамија во градот Ресен. Му припаѓа на Ресенското муфтиство на ИВЗ.[1][2]
Хаџирамаданова џамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Ресен, Македонија |
Координати | 41°5′24″N 21°0′41″E / 41.09000° СГШ; 21.01139° ИГД |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | раноосманлиски |
Завршен | 1592 |
Особености | |
Минариња | 1 |
Храмот е сместен во центарот на градот. Изграден е во 1592 година според натписот на влезот. Обновен е во 1971 година, при што е зачуван главниот облик на градбата, но орнаментиката е променета.
Според муслиманските преданија раскажани од ресенскиот оџа, Хаџирамадановата и Хаџимуратовата џамија (другиот муслимански храм во Ресен) се изградени од двајца браќа од Битола по име Хаџи Радаман и Хаџи Мустафа. Според христијанските преданија, обете џамии се изградени на местата некогашни цркви; на местото Хаџирамадановата џамија се наоѓал храмот „Св. Петка“. Нејзиниот поп се потурчил и станал муслимански духовник, но од почит кон христијанството ги собрал предметите и светињите од црквата и ги ставил на чување во сандак во џамискиот подрум.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 273. ISBN 9789989920554.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 21. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-24. Посетено на 2022-03-25.
Надворешни врски
уреди- Хаџирамаданова џамија на Ризницата ?