Хари Рамберг (6 април 190925 август 2001) — шведски тенисер. Тој бил двократен шведски национален првак во поединечна конкуренција во 1931 и 1933 година. Рамберг исто така бил седумкратен шампион во двојки (парови) заедно со Курт Остберг помеѓу 1927 и 1933 година и исто така национален шампион во затворен простор (сала) помеѓу 1929 и 1933 година. Тој бил еднаш и шампион во мешани двојки во затворен простор заедно со Ејвор Аквилон во 1933 година. Рамберг го освоил Купот на шведскиот крал во 1930, 1931 и 1932 година.[1]

Хари Рамберг

Тениска кариера

уреди

Роден е во градот Стокхолм, и на почетокот од својата кариера го освоил шведското државно првенство за јуниори до 16 години и тоа во 1924 година.[2]

Во јули 1927 година заедно со Курт Остберг ги обезбедиле титулите во двојки (парови) во градовите Салтсјобаден и Лисешил [3] Тој се појавил на меѓународната тениска сцена додека бил селектиран на Нордискиот куп против Данска. Рамберг имал успешен почеток со помош на шведската тениска легенда Суне Малмстром против тенисерите Аксел Петерсен и Арне Велшов-Расмусен.

Во август 1928 година Рамберг и Остберг го освоиле Салтсјобаден Мастерс купот во двојки. Во меѓуклупскиот натпревар помеѓу градот Стокхолмс Алмана Лонтенис Клуб и градот Осло биле поразени од парот Кристоферсен и Фагерстром.[4]

Во јули 1929 година, тој бил во главната фаза на турнирот во Вимблдон, но предвремено го напуштил поради поразот од австралиецот Клифорд Стирлинг Колвин. Во двојки (парови), двојката Рамберг-Остберг загубила од англичаните Чарлс Кингсли и Џон Олиф. Во натпревар на Данска против Шведска, кој не е игран во рамките на Дејвис купот, во 1929 година, победила Шведска со три спрема два. Рамберг бил вклучен во натпреварот во двојки заедно со Курт Остберг и играле против Ајнер Улрих и Фриц Глеруп. Постигнале чиста победа со резултат од 3:0.[5] Во март тој го освоил првенството кое се играло во Стокхолм и тоа во двојки заедно со Остберг, а исто така го освоил турнирот во конкуренција на мешани двојки.[6] Во јуни стигнал до четвртфиналето на холандското првенство, а на крајот во финалето загубил од Хендрик Тимер. На истиот турнир стигнал до полуфиналето во двојки откако го елиминирале унгарскиот тим составен од Калман Кирхмаер и Бела Халтер.[7] Во август, на турнирот воСалтсјобаден, тој ја освоил титулата во двојки со Остберг, но морал да се повлече од финалето во мешани двојки со што неговите противници го добиле натпреварот. Во ноември, екипата на Будимпешта го предизвикала градот Стокхолм. Остберг и Рамберг ги победиле искусните унгарски ветерани во тенис Бела фон Керлинг и Пал Ашнер во четири сета иако домашниот тим имал водство од 2:1 во сетови.[8]

Во април 1930 година на Стокхолм Индорс турнирот тој повторно настапувал со колегата Остберг во двојки, во кои тие доминирале, но морале да се соочат еден против друг во конкуренција на мешани двојки. На крајот во мешани двојки победил неговиот партнер од обични машки двојки Остберг заедно со неговата партнерка. Во мај тој бил повикан да настапи во натпреварот од Дејвис купот против Југославија, но ги загубил сите три негови натпревари.[9] Во август на Стокхолм Аутдорс турнирот победил во натпревар во двојки повторно заедно со Остберг. Во тимот на Шведска кој настапувал во Дејвис купот против Германија во градот Манхајм, Рамберг бил вклучен во тимот и тогаш Шведска успеала да ја победи тогашната германска репрезентација со резултат од 4:1. Рамберг успеал да го победи домашниот играч Филип Бус, но не успеал истото да го стори против Валтер Десарт во следниот натпревар.[10] Истиот месец во Стокхолм на втората неофицијална екипна пресметка против тимот на Данска Рамберг загубил од Улрих, но и од Хенриксен.

На почетокот на 1931 година во една посета на туристичкиот Тркачки клуб во Париз членовите на тимот на Стокхолм одиграле натпревар со познатите француски таканаречени четворица мускетари. Тенисерите Жак Брињон и Кристијан Бусус ги предизвикале на натпревар парот Рамберг-Остберг и ги совладале во четири сета.[11] Во февруари 1931 година, во Стокхолм се одржал меѓународен натпревар помеѓу Англија-Шведска, и англиската двојка Фред Пери и Хари Ли успеале да ги победат Рамберг и Остберг во еден трилер натпревар од пет сета. Во одлучувачкиот сет французите ги победиле со резултат од 6:1.[12] Во април Рамберг на турнирот Стокхолм Миксед Индорс повторно со партнерот од Дејвис куп тимот Остберг, заедно успеале да ја одбранат титулата во двојки. На годишниот Нордиски куп во август (Данска против Шведска) Рамберг загубил во поединечна конкуренција против Арне Велшов-Расмусен, но успеал да го израмни резултатот во игра на двојки со Остберг против Велшов-Расмусен и Глеруп. Истиот месец тој го освоил турнирот во Стокхолм на отворено заедно со Остберг, но титулата во мешани двојки морал да му ја отстапи на својот партнер од машки двојки.

Во 1932 година Франција успеала да ја победи Шведска во Стокхолм, Рамберг загубил од Антоан Гентиен и Жак Брињон во два натпревари во поединечна конкуренција и еден натпревар во двојки.[13] Истата година Шведска ја победила Германија, а Рамберг остварил победи против Десарт и Еберхард Норни. Во април пак со својот партнер Остберг ја освоил својата втора титула во затворен простор, но не успеал во мешаното финале, повторно загубил од мешаната двојка на својот пријател Остберг. Во Јурсхолм турнирот Остберг ја освоил титулата пред Рамберг, но како и обично тие заедно повторно успеале да победат во конкуренција на машки двојки. тие заедно се покажале како незапирлив пар во турнирот во двојки.[14] Во ноември тимот составен од професионалци на тениската организација Тилден пристигнала во Шведска и организирала серија на натпревари против аматерите. Бил Тилден се натпреварувал со Рамберг и успеал да победи во сетови. Од друга страна Рамберг и Остберг ги победиле професионалните тимови на Тилден и Брус Барнс, но и германскиот пар Ханс Нуслајн и Роман Најух. На крајот на годината во данско-шведскиот натпревар Рамберг загубил и во поединечна конкуренција и во двојки, иако овој пат избрал да игра заедно со Ингвар Гарел.

Во април 1933 година, Остберг и Рамберг ја освоиле својата трета титула во двојки во Стокхолм во сала, а Рамберг ја освоил својата прва и единствена титула во мешани двојки заедно со Ејвор Аквилон.[15] Во август, во финалето на Нордискиот куп, тој ја донел првата победа на Шведска против Рагнар Хаген, но загубил подоцна во конкуренција на двојки против Хаген- Јохан Ханес. Во 1934 година, тимот отпатувал во Јурсхолм за да го одигра вториот круг од натпреварот на Меѓународниот тениски турнир на тревна површина против Дејвис куп тимот на Белгија.[16] Рамберг освоил еден натпревар, а загубил два други што резултирало со пораз на Шведска со еден разлика. Тој останал во градот и една недела подоцна победил во поединечна конкуренцијано и во двојки.

Во февруари 1934 година тој го претставувал Стокхолмскиот Алмана Лонтенис Клуб против Алмана Идротсклубен, победувајќи во два натпревари вклучувајќи ги оној во двојки заедно со Остберг и притоа загубил еден натпревар. Во март тој не можел да го одбрани својот трофеј во двојки во затворен простор во Стокхолм, затоа што загубил од Кале Шредер и Ингвар Гарел. Тоа бил првиот подвиг за нив. Во мај, во полуфиналето на Нордискиот куп против Норвешка, Јохан Ханес му се одмаздил на Рамберг во поединечна конкуренција за неговиот минатогодишен пораз. Во септември на годишните репрезентативни турнири тој повторно бил симнат од престолот во конкуренција на двојки од страна на Шредер и Гарел.[17]

Во 1935 година тој учествувал во натпреварот каде се борел за титулата во мешани двојки со Мис Аквилон и загубил во три сета.[18]

Личен живот

уреди

Хари Рамберг е роден на 6 април 1909 година во Стокхолм во семејството на Георг Харалд Рамберг и Реа Рамберг (Аронович). Родителите му биле стоматолози. Се оженил со Керстин Егерт во 1935 година. Тие имале три деца и тоа Клас-Горан (роден 1936 година), Моника (родена 1940 година) и Гунила (родена 1943 година). Тој имал една сестра со име Ана-Лиза, која се омажила за неговиот тениски соиграч од Дејвис купот Ингвар Гарел.[19]

Наводи

уреди
  1. Paul Harnesk; Åke Davidsson (2010) [1945, 1948]. Vem är Vem? [Who's Who] (шведски) (2. изд.). Uppsala, Sweden: Uppsala University Library. стр. 671. ASIN B0014S46TS. Посетено на October 23, 2012.
  2. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1924. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  3. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1927. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  4. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1928. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  5. „Külföldi hírek“ [International News] (PDF). Tennisz és Golf (унгарски). Budapest, Hungary: Bethlen Gábor irod. és Nyomdai RT. I (15–16): 348. December 25, 1929. Посетено на October 23, 2012.
  6. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1929. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  7. „Lawntennis“ (pdf). Het Centrum (холандски). Utrecht, Netherlands. 188. June 15, 1929. Посетено на October 23, 2012.[мртва врска]
  8. „Gusztáv svéd király Kehrling Bélával tenniszezett“ [Béla von Kehrling played tennis with Gustav, Swedish King] (pdf). Zalai Közlöny (унгарски). Keszthely, Hungary: Délzalai Nyomda és Lapkiadó Vállalat. 69 (256): 1. November 1, 1929. Посетено на October 23, 2012.
  9. Daviscup.com. „Harry Ramberg“. London, Great Britain: International Tennis Federation. Посетено на October 23, 2012.
  10. „Svéd-német fedett pályaverseny“ [Swedish-German covered court challenge] (PDF). Tennisz és Golf (унгарски). Budapest, Hungary: Bethlen Gábor irod. és Nyomdai RT. II (22): 425. December 6, 1930. Посетено на October 23, 2012.
  11. „Külföldi hírek“ [International News] (PDF). Tennisz és Golf (унгарски). Budapest, Hungary: Bethlen Gábor Irod. és Nyomdai RT. III (1): 17. January 10, 1931. Посетено на October 23, 2012.
  12. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1931. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  13. „Külföldi hírek“ [International news] (pdf). Tennisz és Golf (унгарски). Budapest, Hungary: Egyesült kő- könyvnyomda, könyv- és lapkiadó rt. IV (2): 27–30. February 29, 1932. Посетено на October 23, 2012.
  14. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1932. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  15. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1933. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  16. „Davis Cup - Draws & Results“. www.daviscup.com. Посетено на 2020-05-27.
  17. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1934. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  18. „Tennis“. Svenska Dagbladet (шведски). Stockholm, Sweden: Gustaf Zethelius. 1935. ISSN 1101-2412. Посетено на October 23, 2012.
  19. Erik Thyselius; Göran Lindblad (2009) [1969]. Vem är det : Svensk biografisk handbok [Who is it: Swedish biographical handbook] (шведски). Stockholm, Sweden: P. A. Norstedt & Söners Förlag. стр. 303. Посетено на October 23, 2012.

 Надворешни врски

уреди