Јурсхолм
Јурсхолм (шведски: Djursholm) — административен центар на општината Дандеруд во округот Стокхолм во Шведска. Поделено е во неколку различни региони: Јурсхолм Екеби (северозапад), Свалнес (североисток), Есби (центар), Берга (југозапад) и Гамла Јурсхолм („Стариот Јурсхолм“, југоисток).
Историја
уредиОснована е во 1889 година, а следната година е отворена железничка линија што ги поврзува Јурсхолм и Стокхолм. Цените на недвижностите во Јурсхолм се највисоки во земјата. Дизајниран е како градинарски град со големи вили, од кои повеќето се изградени кон крајот на векот. Од самиот почеток, елегантните крајбрежни квартови привлекле многу реномирани научници, културни личности и индустријалци. Јурсхолм, како општина, се разделила од Дандерид во 1901 година, и во 1914 година добила статус на град. Во 1971 година, општините повторно се споиле, формирајќи ја општината Дандерид.
Во Јурсхолм има замок од 15 век (слика); капела изградена во 1902 година по иницијатива на архитектот Фредрик Лилеквист; и Вилата Паули, дизајнирани од Рагнар Остберг во 1907 година.
Надворешни врски
уреди- Историја на Јурсхолм(шведски) )