Хари Нилсон

американски пејач и текстописец (1941–1994)

Хари Нилсон (англиски: Harry Nilsson; полно име: Хари Едвард Нилсон III, 15 јуни 1941 - 15 јануари 1994 година), на естрадата понекогаш потпишуван како Нилсон ― американски кантавтор кој врвот на својата кариера го достигнал на почетокот од 1970-тите.

Хари Нилсон
Хари Нилсон во 1974
Животописни податоци
Родено имеХари Едвард Нилсон III
Познат(а) и какоНилсон
Роден(а)15 јуни 1941(1941-06-15)
Бруклин, Њујорк, САД
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
Починал(а)15 јануари 1994(1994-01-15) (возр. 52)
Агура Хилс, Калифорнија, САД
ЖанровиРок, поп[1]
ЗанимањаПејач - текстописец
Инструменти
  • Vocals
  • keyboards
Период на активност1958–1992
Издавачи
Соработници
Мреж. местоharrynilsson.com

Детство и младост

уреди

Хари Нилсон е роден во Бруклин, Њујорк Сити, на 15 јуни 1941 година.[2] [3] Неговиот прадедо по татко бил Швеѓанец кој се исселил во САД.[4]

Поради лошата финансиска состојба на неговото семејство, Хари почнал да работи уште како дете. Како тинејџер се преселил во Лос Анџелес, каде што завршил средно училиште и посетувал курсеви за одржување на компјутери. Поради тоа што се разбирал од компјутери, кои во тоа време почнале да се користат во банките, ноќе работел како контролор на компјутерски сектор во банка, а дење бил посветен на својата музичка кариера како текстописец и пејач.[5]

Кариера

уреди

1962–1968: Музички почетоци и потпишување со RCA Victor

уреди

Уште во 1958 година, Нилсон бил заинтересиран за новите форми на забавна музика, а најмногу го привлекувале ритам и блуз уметници како Реј Чарлс. Нилсон добил како подарок едно пластично укулеле на кое научил да свири, а подоцна научил да свири гитара и пијано.[3] Во документарниот филм од 2006 година Кој е Хари Нилсон (И зошто сите зборуваат за него)? Нилсон се сеќава дека кога не можел да се сети на стихови или делови од мелодии, тој создавал свои, што довело до пишување оригинални песни.

Лекциите по пеење од неговиот вујко, потпомогнати од неговиот природен талент за музика, му помогнале во 1962 година да се вработи како пејач на демо снимки кај текстописецот Скот Тарнер. Тарнер на Нилсон му плаќал по пет долари за секоја песна што ќе ја снимиле. (Кога Нилсон станал познат, Тарнер решил да ги објави овие први снимки и стапил во контакт со Нилсон за да се договарат за правична поделба на добивката. Нилсон му одговорил дека тој веќе бил исплатен - пет долари по песна.) [6]

Во 1963 година, Нилсон почнал да се пробила како текстописец, кога во соработка со Џон Мараскалко напишале песна за Литл Ричард.

До 1964 година, Нилсон соработувал со Фил Спектор, и со него напишал три песни. Тој, исто така, стапил во контакт со текстописецот и издавач Пери Боткин Џуниор, кој почнал да наоѓа пазар за песните на Нилсон.[7]

Преку Боткин, Хари се запознал и се спријателил со Џорџ Типтон, кој во тоа време работел за Боткин како текстописец. Во 1964 година, Типтон вложил 2.500 долари за да го финансира снимањето на четири песни од Нилсон, на кои исто така бил аранжер. Песните ѝ ги продале на издавачката куќа Tower, штотуку основана подружница на Capitol Records, а песните подоцна биле вклучени во деби албумот на Нилсон. Плодната соработка меѓу Нилсон и Типтон продолжила и откако Нилсон потпишал со RCA Victor. Типтон ги аранжирал речиси сите песни кои Нилсон ги снимил за RCA во периодот од 1967 до 1971 година, но нивната соработка завршила во 1970-тите откако двајцата се разишле од непознати причини.[8]

Tower Records, во 1966 година ги објавила првите песни на Хари Нилсон, како и неговиот прв албум Spotlight on Nilsson. Песните не се пласирале на топ-листите и не привлекле големо внимание од критиката, иако биле снимени од Глен Кембел, Фред Астер, The Shangri-Las, The Yardbirds и други. И покрај сѐ поголемиот успех, Нилсон и понатаму работел ноќна смена во банката.[7]

Во 1966 година, Хари потпишал со RCA Victor, и следната година го издал албум, Pandemonium Shadow Show, кој бил позитивно оценет од критиата. По издавањето на албумот и континуираниот успех во пишувањето песни (најзначајно со The Monkees, кои ја снимиле песната од Нилсон „Cuddly Toy“[9]), Нилсон конечно се откажал од работата во банката. Членот на Monkees, Мики Доленц, бил негов близок пријател сѐ до смртта на Нилсон во 1994 година.

Некои од албумите на Хари завршиле кај самите Битлси,[10] кои веднаш станале обожаватели на Нилсон. На прес-конференцијата на Џон Ленон и Пол Макартни во 1968 година за да го објават основањето на Apple Corps, Ленон бил прашан кој е негов омилен американски музичар. Тој одговорил: „Нилсон“. Потоа на Макартни го прашале која е негова омилена американска група. Тој одговорил: „Нилсон“.[7]

Во 1968 година, Хари го објавил албумот Aerial Ballet. На албумот бил препевот на песната од Фред Нил „Everybody's Talkin“. Песната станала многу попопуларна една година подоцна кога била прикажана во филмот Полноќен каубој, и за неа Нилсон ја освоил неговата прва награда Греми.[9] Оваа песната, исто така, станала прва топ-10 песна од Нилсон, и негова прва песна на прво место Во Канада.[3]

1969–1972: Успех на топ-листите

уреди
 
„Without You“ од Нилсон Шмилсон 1971 година.

Следниот албум на Нилсон, Harry (1969), бил прв негов албум кој се пласирал на топ листите. Песната „I Guess the Lord Must Be in New York City“ била искористена во филмот со Софија Лорен La Mortadella (1971).

Во 1971, Нилсон заедно со продуцентот Ричард Пери заминал за Англија за да го сними неговиот најуспешен албум, Nilsson Schmilsson. На албумот била преработката на песната од Badfinger „Without You“, со исклучително емотивен аранжман и поистакнат вокал. За песната Хари ја добил втората Греми награда.[9]

Нилсон бил познат како „пејач и композитор кој се слуша, но не се гледа“, бидејќи не правел концерти и не се појавувал во емисии. Пред да се појави во една епизода од серијата In Concert на режисерот и продуцент Стенли Дорфман за Би-Би-Си, претходно Нилсон се појави само еднаш, неколку моменти, на телевизија во Британија и еднаш во Америка.[11]

1973–1979: Maverick

уреди
 
Нилсон во 1973 година

Во 1973 година, Нилсон, на големо изненадување на сите го објавил албумот A Little Touch Of Schmilsson In The Night, кој содржи избор на инструментални стандарди, како „Makin' Whoopee“ и „As Time Goes By“.

Во 1973 година, Нилсон се вратил во Калифорнија, а таму се преселил и Џон Ленон по неговата разделба со Јоко Оно; двајцата музичари уште повеќе го зајакнале нивното претходно пријателство. На големо задоволство на Нилсон, Ленон сакал да го продуцира неговиот следен албум. Меѓутоа, времето кое заедно го поминувале во Калифорнија станало попознато по пијанењето во Холивудските клубови наместо по музичката соработка. Во инцидент за кој многу се пишувало во печатот, тие двајцата и Ринго Стар биле исфрлени од ноќниот клуб „Troubadour“ во Западен Холивуд поради тепачка додека биле пијани.[12]

За работите да бидат уште полоши, на ноќна забава и џем-сесија за време на снимањето на албумот, на која присуствувале Ленон, Макартни, Стар, Дени Корчмар и други музичари, Нилсон ја скинал гласната жица, но ја сокрил повредата од страв дека Ленон ќе ја прекине продукцијата. Бил објавен албумот Pussy Cats. Во обид да се исчистат, Ленон, Нилсон и Ринго Стар прво заедно изнајмиле куќа, а потоа Ленон, Нилсон и Стар заминале за Њујорк. По релативниот неуспех на неговите последни два албума, RCA Records размислувала да го раскине договорот со Нилсон. Ленон и Стар, како негови пријатели, го придружувале Нилсон на преговорите и им рекле на луѓето од RCA дека се заинтересирани да потпишат со нив, откако во 1975 година ќе истече договорот на Apple Records со EMI, но дека не се заинтересирани ако Нилсон не е член на таа издавачка куќа.[13] RCA го прифатила и потпишала нов договор со Нилсон, но ниту Ленон ниту Стар не потпишале со RCA.

Станот на Нилсон во Лондон

уреди

Резиденцијата на Нилсон во Лондон од 1970-тите бил стан со две спални соби украсен од дизајнерската компанија ROR („Ringo or Robin“) во сопственост на Ринго Стар и дизајнерот на ентериер Робин Крујкшанк. Нилсон поминал неколку години во станот, кој се наоѓал во близина на Apple Records, Playboy Club, ноќниот клуб Tramp и домовите на неговите пријатели и деловните соработници. Нилсон поради своите ангажмани повеќе време поминувал во САД, а додека бил отсутен, станот го изнајмувал на свои пријатели музичари. За време на едно од неговите отсуства, пејачката Кас Елиот, предходно член на The Mamas & the Papas, и неколку членови кои ја придружувале на нејзината турнеја група отседнале во станот. По напорниот настап на 29 јули 1974 година, Кас Елиот била пронајдена мртва во една од спалните соби; починала од срцева слабост на 32-годишна возраст.[5]

На 7 септември 1978 година, тапанарот од Who, Кит Мун, починал во истата соба на 32 години од предозирање со Клометиазол, лек против алкохолизам.[5] Нилсон, бил вознемирен од смртта на уште еден пријател во неговиот стан и поради што немал голема од станот, истиот го продал Пит Таунсенд.[3]

1980–1992

уреди
 
Сингл на Нилсон од 1982 година, „With a Bullet“

По напуштањето на RCA Victor, Хари Нилсон само повремено објавувал нова музика. Го напишал мјузиклот, Запата, заедно со Пери Боткин Џуниор и по либрето од Алан Кац. Исто така, ги напишал сите песни за мјузиклот од Роберт Алтман Попај (1980).[5] Нилсон сè повеќе почнал себеси да се нарекува „пензиониран музичар“.

Нилсон бил длабоко погоден од смртта на Џон Ленон на 8 декември 1980 година. Тој се приклучил на организацијата Коалиција за запирање на оруженото насилство.

Последниот концертен настап на Хари Нилсон бил на 1 септември 1992 година, кога им се придружил на Ringo Starr & His All-Starr Band на концерт во Лас Вегас, каде ја отпеал „Without You“.[6]

1993–1994: Срцев удар и смрт

уреди

Хари Нилсон бил роден со вродена срцева маана, и доживеал срцев удар на 14 февруари 1993 година.[14] Откако го преживеал ударот, тој почнал да ја притиска својата поранешна издавачка куќа, RCA Records, да објави ретроспектива на неговата кариера во сет-дискови, и продолжил со снимање, во обид да заврши уште еден албум. Нилсон починал од срцева слабост на 15 јануари 1994 година, во неговиот дом Агура Хилс, Калифорнија, на 52-годишна возраст.[14] Во 1995 година RCA ja објавила неговата ЦД антологија, Personal Best. Последниот албум на кој што работел бил објавен на 22 ноември 2019 година, насловен како Losst and Foundnd.[15]

Дискографија

уреди
  • Spotlight on Nilsson (1966)
  • Pandemonium Shadow Show (1967)
  • Aerial Ballet (1968)
  • Skidoo (1968)
  • Harry (1969)
  • Nilsson Sings Newman (1970)
  • The Point! (1971)
  • Nilsson Schmilsson (1971)
  • Son of Schmilsson (1972)
  • A Little Touch of Schmilsson in the Night (1973)
  • Son of Dracula (1974)
  • Pussy Cats (1974)
  • Duit on Mon Dei (1975)
  • Sandman (1976)
  • ... That 's the Way It Is (1976)
  • Knnillssonn (1977)
  • Flash Harry (1980)
  • Popeye (1980)
  • Losst and Founnd (2019)

Библиографија

уреди
  • Shipton, Alyn (2013). Nilsson: The Life of a Singer-Songwriter. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-933069-0.

Наводи

уреди
  1. Unterberger, Richie. „Harry Nilsson – Music Biography, Credits and Discography“. AllMusic. Посетено на May 1, 2013.
  2. Staff. "Harry Nilsson's Childhood Home - The childhood home of one of America's greatest unsung troubadours still stands in a much changed Brooklyn neighborhood", Atlas Obscura. Retrieved June 17, 2017. "The crooner was born to a poor family in the Bed-Stuy section of Brooklyn on June 15th, 1941. He lived on the top floor of 762 Jefferson Avenue, a simple Romanesque Revival-style apartment building constructed in 1901, until the family fled to California a decade later."
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Shipton 2013.
  4. „Nilsson's Aerial Ballet“. NilssonSchmilsson.com. Посетено на August 2, 2021.

    „Carl Emanuel Nilsson“. NilssonSchmilsson.com. Посетено на September 8, 2021.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Eden, Dawn (April 29, 1994). „One Last Touch of Nilsson“. Goldmine Magazine. Посетено на August 2, 2021.
  6. 6,0 6,1 Harry Nilsson (DVD). Who is Harry Nilsson? (And Why is Everyone Talkin' About Him?). New York: Authorized Pictures/Lorber Films. Archived from the original on 2011-06-09. https://web.archive.org/web/20110609202542/http://www.authorizedpix.com/wihn_home.html. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Harry Nilsson (DVD). Who is Harry Nilsson? (And Why is Everyone Talkin' About Him?). New York: Authorized Pictures/Lorber Films. Archived from the original on 2011-06-09. https://web.archive.org/web/20110609202542/http://www.authorizedpix.com/wihn_home.html. Harry Nilsson (2010). Who is Harry Nilsson? (And Why is Everyone Talkin' About Him?) Архивирано на 9 јуни 2011 г. (DVD). New York: Authorized Pictures/Lorber Films. Retrieved February 7, 2011.
  8. Lounge, The Art Music (2016-03-24). „Dreams Are Nothing More Than Wishes: The Harry Nilsson Story“. THE ART MUSIC LOUNGE (англиски). Посетено на 2023-04-21.
  9. 9,0 9,1 9,2 Lyons, Richard D. (January 16, 1994). „Harry Nilsson, Singer, Dies at 52“. The New York Times. Посетено на March 28, 2008.
  10. „Harry Nilsson Biography“. NilssonSchmilsson.com. 2008. Архивирано од изворникот на June 17, 2008. Посетено на March 28, 2008.
  11. „Harry Nilsson First Show“ (англиски). The Evening Post. стр. 3. Посетено на 2023-06-05.
  12. „The John Lennon we did not know“. Today.com. June 27, 2007. Посетено на March 28, 2008.
  13. Eden, Dawn (April 29, 1994). „One Last Touch of Nilsson“. Goldmine Magazine. Посетено на August 2, 2021.Eden, Dawn (April 29, 1994). "One Last Touch of Nilsson". Goldmine Magazine. Retrieved August 2, 2021.
  14. 14,0 14,1 Talevski, Nick (2006). Knocking on Heaven's Door: Rock Obituaries. Omnibus Press. стр. 464,465. ISBN 1846090911.
  15. Edgers, Geoff (September 25, 2019). „Pop genius Harry Nilsson left an unreleased record behind. Now you can finally hear the completed version“. The Washington Post. Посетено на September 8, 2021.

Надворешни врски

уреди