Badfinger

велшка рок-група

Бедфингер (англиски: Badfinger) ― велшкa рок-група основана во Свонзи, која дејствувала од 1960-тите до 1980-тите. Нејзината најпозната постава се состоела од: Пит Хем (вокал, гитара), Мајк Гибинс (тапани), Том Еванс (бас) и Џои Моланд (гитара). Групата се смета за пионер во павер-поп правецот во 1970-тите. Се проценува дека групата продала 14 милиони плочи.[1] [2]

Badfinger
Познат(а) и какоThe Iveys (1961 ― 1969)
ПотеклоСвонси, Велс
Жанрови
Период на активност
  • 1961 ― 1975
  • 1978 ― 1990
Издавачи
СоработнициЏорџ Харисон, Пол Мекартни, Леон Расел, Дејвид Герик, Тод Рундгрен
Мреж. местоbadfingersite.com badfingerlibrary.com badfingeruk.com

Групата прво била позната под името Iveys (основана во 1961), а во 1968 година го сменила името во Badfinger, по работниот наслов на песната од Битлси „With a Little Help from My Friends“ („Bad Finger Boogie“). Од 1968 до 1973 година, Badfinger снимиле пет албуми за Apple и често биле на турнеи.

Badfinger, од 1970 до 1972 година имала четири последователни светски хита: „Come and Get It“ (напишана и продуцирана од Пол Макартни, 1970 г.), „No Matter What“ (продуцирана од Мел Еванс, 1970), „Day After Day“ (продуцирана од Џорџ Харисон, 1971 г.) и „Baby Blue“ (продуцирана од Тод Рундгрен, 1972 г.). Нивната песна „Without You“ (1970) била многупати препеана и станала хит број еден во САД и Велика Британија за Хари Нилсон и дваесет и четири години подоцна, број еден во Велика Британија за Мараја Кери.

По распаѓањето на Apple Records во 1973 година, Badfinger се западнала во многу правни, менаџерски и финансиски проблеми, што го предизвикало самоубиството на Хем во 1975 година. Следните албуми на групата биле неуспешни, поради внатрешната борба меѓу Моланд и Еванс за да го искористат наследството од Badfinger. Еванс се самоубил во 1983 година, а Гибинс починал од аневризма на мозокот во 2005 година. Моланд е единствен преживеан член од групата.

Членови

уреди
  • Пит Хем (Вилијам Питер Хем): вокал, гитара и клавијатури. Роден на 27 април 1947 година во Свонси, Велс. Се самоубил на 24 април 1975 година.
  • Дејвид Џенкинс: гитара и вокал за The Iveys.
  • Рон Грифитс (Роналд Левелин Грифитс): бас гитара. Роден на 2 октомври 1946 година. Ги напуштил Iveys во 1970 година, кога бендот станал Badfinger.
  • Том Еванс (Томас Еванс): вокал и бас гитара. Роден на 5 јуни 1947 година во Ливерпул, ѝ се придружил на групата во 1967 година. Извршил самоубиство на 19 ноември 1983 година
  • Мајк Гибинс (Мајкл Џорџ Гибинс): тапани. Роден на 19 март 1949 година во Свонси, Велс. Починал во сон на 4 октомври 2005 година од непозната причина.
  • Џои Моланд (Џозеф Чарлс Моланд): вокал и гитара. Роден на 21 јуни 1947 година во Ливерпул. Единствен член кој и денес е жив. Живее во Минесота.
  • Роб Ставински: тапани за време на американската турнеја во 1972 година.
  • Боб Џексон: гитара, клавијатури. Роден на 6 јануари 1949 година. Привремено го заменил Џои Моланд во 1974 година.
  • Џо Тансин: гитара и вокал во 1978 година.
  • Кени Харк: тапани во 1978 година, брзо бил заменет од Мајк Гибинс кој ја презел функцијата.
  • Тони Кеј: пијано, оргули, поранешен член на групата Yes, бил во групата од 1979 до 1981 година. Свирел на албумот Say No More од 1981 година.
  • Питер Кларк: тапани во 1979 г.
  • Ијан Валас: тапани, поранешен тапанар на Кинг Кримсон го заменил Питер Кларк во 1979 година.
  • Род Роуч: гитара во 1980 година.
  • Ричард Брајанс: тапани, го заменил Ијан Валас во 1980 година.
  • Глен Шерба: гитара.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Maybe Tomorrow (1968): објавен под групата The Iveys
  • Magic Christian Music(1970)
  • No Dice (1970)
  • Straight Up (1971)
  • Ass (1973)
  • Badfinger (1974)
  • Wish You Were Here (1974)
  • Airwaves (1979)
  • Say No More (1981)
  • Day After Day Live (1990, снимен 1974)
  • BBC in Concert 1972-3 (1997)
  • Head First (2000, снимен 1974)

Наводи

уреди
  1. Vaziri, Aidin (12 April 2018). „Badfinger's Joey Molland on overcoming tragedy, hanging with the Beatles“. San Francisco Chronicle. Посетено на 14 October 2020.
  2. Varga, George (21 March 2015). „Joey Molland on Badfinger & The Beatles“. San Diego Union Tribune. Посетено на 14 October 2020.

Надворешни врски

уреди