Ханибал Лектор

(Пренасочено од Ханибал Лектер)

Ханибал Лектор (англиски: Hannibal Lecter) — измислен лик од серија романи од авторот Томас Харис. Лектор за првпат се појавува во трилер-романот Црвен змеј како генијален психијатар и канибалистички сериски убиец. Овој роман и неговото продолжение, Кога јагнињата ќе стивнат, го прикажува Лектор како еден од двајцата главни антагонисти. Во третиот роман, Ханибал, Лектор станува главен лик. Неговата улога како протагонист продолжува во четвртиот роман, Ханибал: почетоците, кој го истражува неговото детство и формирање како сериски убиец.

Лик од Ханибал тетралогијата
Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“
Сер Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор
Родено име Ханибал Лектор (VIII)
Титули д-р Ханибал Лектор
Алиаси Лојд Виман
Д-р Фел
Прекар Канибалот Ханибал
Пол Машки
Раса Бела
Потекло Литванско благородништво (татково)
Италијанско благородништво (мајчино)
Роднини Миша Лектор (сестра)
гроф Роберт Лектор
лејди Мурасаки (тетка по брак)
M.O. Канибализам и мачење
Занимање Хирург, клинички психијатар, некролог, форензички психолог, кулинарски уметник, уметник, музичар, библиотекар
Создаден од Томас Харис
Портетиран од: Брајан Кокс - Човеколовец
Сер Ентони Хопкинс - Кога јагнињата ќе стивнат, Ханибал, Црвен змеј
Гаспар Улие - Ханибал: почетоците
Арон Томас - Ханибал: почетоците (како дете)

Ликот на Ханибал се содржи и во сите пет филмски адаптации. Првиот филм, Човеколовец, е лесно заснован на Црвен змеј, а улогата на Лектор ја има Брајан Кокс. Во 2002 е направена втора адаптација на Црвен змеј под оригиналниот наслов со улогата на Ентони Хопкинс, кој претходно го глумел во ликот на Ханибал во филмовите Кога јагнињата ќе стивнат и Ханибал. Хопкинс е добитник на Оскар за неговата улога како ликот во Кога јагнињата ќе стивнат во 1991.

Во 2001, Ханибал Лектор (во улога на Хопкинс) е изгласан од АФИ за најзабележителен злобник во филмската историја.[1]

Наводи

уреди
  1. (англиски)„AFI's 100 Heroes & Villains“. American Film Institute. June 2003. Архивирано од изворникот на 2007-01-27. Посетено на 2007-02-12.

Надворешни врски

уреди