Хамбирен
Хамбирен (германски: Hambühren) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри северно од окружниот град Целе.
Хамбирен | |
Велепоседничка куќа Риксферде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Целе |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Томас Хербст (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 56,7 км2 |
Надм. височина | 36 м |
Население | 10.628 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 187 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CE |
Пошт. бр. | 29313 |
Повик. бр. | 05084, 05143 (Oldau) |
Портал | www.hambuehren.de |
Местоположба на Хамбирен во рамките на округот Целе | |
Координати | 52°38′0″N 9°59′0″E / 52.63333° СГШ; 9.98333° ИГД |
Географија
уредиХамбирен се наоѓа 6 километри западно од окружниот град Целе. Реката Алер тече низ северниот дел на општината.
Општински единици
уредиОпштината Хамбирен се состои од следниве места:
- Хамбирен (село - означено како Хамбирен I) и Хамбирен (населба - означено како Хамбирен II)
- Алерхоп
- Олдау
- Офелгене
- Риксферде
- Шенхоп
Историја
уредиОд летото 1944 до февруари 1945 година постоел подкамп на концентрацискиот камп Берген-Белзен во Хамбирен. Опкружени од СС-војници, во кампот биле сместени околу 400 затворенички, кои биле приморани да го прошират поранешниот рудник за поташа и да поставуваат железнички пруги до него, проект на претпријатието Хохтиф. Тунелите биле наменети како производствено место за бременскиот производител на авиони Фоке-Вулф.[2]
Галерија
уреди-
Хидроцентрала во Олдау
-
Новата католичка црква во Хамбирен
-
Црква во Хамбирен
-
Камен за 750-годишнината од основањето
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Knoch, Habbo (ed) (2010). Bergen-Belsen: Wehrmacht POW Camp 1940–1945, Concentration Camp 1943–1945, Displaced Persons Camp 1945–1950. Catalogue of the permanent exhibition. Wallstein. ISBN 978-3-8353-0794-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди„Хамбирен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)