Хаим Леви
Хаим Леви бил припадник на Еврејската заедница во градот Штип, учесник во Народноослободителното движење уште од 1941 година, партизан во Македонската бригада „ Гоце Делчев “ и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Хаим Леви | ||
Роден | Штип, денес Македонија | |
---|---|---|
Занимање | учесник во НОБ |
Животопис
уредиЛеви е роден во Штип. Тој бил во вклучен во партиската ќелија што ја водел Исак Сион. Групата броела пет членови, кои и сите требало да излезат во првиот ПО. Во 1942 година Хаим Леви, како член на Партијата водел три групи со 12 членови од Еврејската заедница, младинци од СКОЈ на Штип. На 21 ноември 1941 година Леви и Славчо Стојменски, биле фатени и затворени во познатата ноемвриска провала. Свавчо, по еден час од апсењето успеал да избега од затворот. Леви бил одведен во Скопје и затворен, каде бил изложен на големи мачења. Тој ги издржал сите тортури и со своето држење придонел провалата да не се прошири понатаму во штипската организација. На 6 февруари 1943 година од Скопје биле доведени во Штип и изведени пред бугарскиот окупаторски суд, членови на Партијата и СКОЈ. Судењето траело 4-5 дена, но поради немање докази, Хаим Леви бил ослободен и по неколку дена пуштен од затворот во Скопје. Но по доаѓањето во Штип е бил повторно фатен од бугарската полиција и бил испратен во бугарскиот политички концетрационен логор во Јеникој, Ксантиско, денешна Грција. Во почетокот на 1944 година, Леви, под многу тешки околности успеал да избега од логорот „Јеникој“ и како илегалец се вклучил во антифашистичката борба во Пловдив. Таму тој дејствувал прво како командир на една саботажна чета, а потоа како командир во една чета во реонот на Мараш. По капитулација на Бугарија, веднаш е во составот на Македонската бригада „Гоце Делчев“, како комесар на батаљон. А како комесар на Пионерскиот батаљон на 50 дивизија на НОВ на Југославија, учествувал во сите завршни борби и операции за ослободување на Кочани, Штип, Велес, Скопје и Тетово.
Наводи
уреди- ↑ „Штип и Штипско во НОВ 1941 - 1945“ книга 2 стр.406. Матица Македонска - Скопје, 2000