Фридрих Амелунг
Фридрих Лудвиг Балтазар Амелунг (германски: Friedrich Ludwig Balthasar Amelung) или Фридрих Карлович Амелунг (руски: Фридрих Карлович Амелунг; 23 март [ст. ст. 11 март] 1842, Катарина (Мелески)[1], Ливонија - 22 март [ст. ст. 9 март] 1909, Рига) бил балтичко-германски индустријалец, историограф, шахист, шаховски композитор и автор, којшто бил еден од основачите и раководителите на Балтичкиот шаховски сојуз.
Фридрих Амелунг | |
---|---|
Фридрих Амелунг околу 1880 година | |
Целосно име | Фридрих Лудвиг Балтазар Амелунг Фридрих Карлович Амелунг |
Земја | Руска Империја |
Роден | 23 март 1842 Катарина (Малески), Ливонија |
Починал | 22 март 1909 Рига |
По завршувањето на студиите по филозофија и хемија на универзитетот во Дерпт, Амелунг го презел раководството со семејната фабрика за стакло и со претпријатието „Amelung und Sohn“. Живеел во различни балтички градови, а во 1902 година се преселил во Рига каде што го поминал остатокот од животот. Познат е и како историограф на Балтичкиот Регион, а записите од историјата ги преточил во неколку свои дела.
Со својата шаховска кариера, успеал да ја продолжи долгогодишната шаховска традиција во своето семејство. Како шахист постигнал успеси против најсилните берлински мајстори во тоа време, а не бил без успех ниту против шахисти како Адолф Андерсен и Карл Мајет. Работел како уредник на шаховските поглавја во бројни весници и списанија, а автор е и на шаховската хроника со наслов „Балтички шаховски листови“. Особено значење има и неговата аналитичка дејност во теоријата на шаховските завршници, а автор е и на повеќе од 230 објавени шаховски композиции.
Животопис
уредиФридрих Амелунг потекнувал од индустриско семејство, коешто на крајот на 18. век од Германија се преселило во Ливонија (денешна Естонија). По завршувањето на гимназијата во Дерпт, Фридрих студирал филозофија и хемија на универзитетот во Дерпт од 1862 до 1864 година. Потоа, тој живеел во различни балтички градови, пред да се пресели во Рига во 1902 година.
Фридрих бил внук на Карл Филип Амелунг (1769-1817), којшто во 1792 година основал фабрика за производство на стакла за огледала во селото Виисику, во близина на Пилтсамаа. Фабриката за огледала „Катарина“ и работилницата за стакло „Лизета“ биле подигнати на калливо земјиште, северно од езерото Виртс. Местото се наоѓало на околу 30 км западно од градот Дерпт, па оттаму и потеклото на името „Катарина кај Дерпт“. Во 1864 година, Фридрих Амелунг, заедно со својот зет Бенрат, го презел раководството на фабриката за огледала и на претпријатието „Amelung und Sohn“, коешто било основано во 1818 година.[2]
Покрај неговата деловна и шаховска дејност, Амелунг се занимавал и со запишување на историјата на Балтичкиот Регион, којашто ја опфатил во различни дела. Меѓу нив, за издвојвуање се: „Слики на балтичката културна историја“ (германски: Bilder zur baltischen Kulturgeschichte) (1879), „Древна историја на Ревал“ (германски: Revaler Altertümer) (1884), „Балтички културни студии“ (германски: Baltische Kulturstudien) (1885) и „Балтики културно-историски атлас со слики“ (германски: Baltischer kulturhistorischer Bilderatlas) (1886).[3]. Починал во Рига во 1909 година. Погребан е на гробиштата во Колга-Јаани, коишто се наоѓаат меѓу местата Катарина и Виисику.[4]
Шаховско творештво
уредиНекои членови од семејството Амелунг биле познати како доста силни шахисти. Така на пример, Карл Фридрих Амелунг, дедо на Фридрих, се споменува дека „бил повикан да отпатува во Санкт Петербург за да може својата умешност да ја покаже пред кнезот Потемкин“.[5]
„Rigaer Tageblatt“, 1901
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Фридрих Амелунг ја продолжил успешната шаховска традиција во своето семејство. За време на своите чести патувања во Берлин, тој наоѓал прилика да се состане и да го вкрсти копјето со најсилните шаховски мајстори. Во периодот од 1860 до 1877 година, Амелунг не останал без успех против шахисти како: Адолф Андерсен, Густав Рихард Нојман, Карл Мајет и Емил Шалоп. Во 1877 година, тој победил во меч одигран против Андреј Ашарин со резултат 5-4 (+4, -3, =2), но загубил против Емануел Шиферс со 4-8 (+2, -6, =4). После тоа, неговото основно подрачје на занимање останало во правец на аналитичката работа и компонирањето на шаховски композиции. Кога станува збор за неговото литературно шаховско творештво, Амелунг се смета за првиот балтички шаховски историчар.
Во својата шаховска кариера работел и како шаховски новинар, автор и учител. Бил уредник на шаховските поглавја во бројни весници и списанија. Од 1889 до 1901 година, во осум продолженија го издал делото со наслов „Балтички шаховски листови“, коешто претставува хроника на шаховскиот живот во регионот и истовремено основа за издаваштво, како и теоретски и историски шаховски напис. Амелунг бил и еден од основачите на Балтичкиот шаховски сојуз во 1898 и негов секретар до 1901 година.[6] Нему му се припишува голема заслуга во подучувањето на ред млади балтички шахисти, меѓу кои се вбројуваат Андреј Ашарин и Карл Розенкранц.
Во периодот од 1879 го 1885 година, додека живеел во Ревал, Фридрих Амелунг создал збирка на шаховски белешки од балтичкиот крај. Тој компонирал бројни шаховски задачи и студии на завршницата. Вкупно, тој објавил повеќе од 230 шаховски композиции, меѓу кои се среќаваат и неколку шаховски минијатури. Од особено значење е неговиот придонес во теоријата на завршниците без пешаци.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Johann Berger: Schach-Jahrbuch für 1899/1900, Veit & Comp., Leipzig 1899, S. 96 („Katharina bei Dorpat“)
- ↑ „Anfänge und Entwicklung der Glashütte“[мртва врска]
- ↑ Амелунг Фридрих: Енциклопедиски речник на Брокхауз и Ефрон. во 86 тома (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907.
- ↑ Randviir, Jüri: Caissa riik ja rüütlid, Tallinn 1984
- ↑ O.(tto) Koch: Das Schachspiel der neuen und neuesten Zeit, P. R. von Bilguer (v. d. Lasa): Handbuch des Schachspiels, 8. Auflage, Leipzig 1916, стр. 112.
- ↑ Шахматы. Энциклопедический словарь / гл. ред. А. Е. Карпов. — М.: Советская энциклопедия, 1990. — С. 16. — 100 000 экз. — ISBN 5-85270-005-3.
Користена литература
уреди- Wilhelm Lenz u.a. (Hg.): Deutschbaltisches Biographisches Lexikon 1710-1960, Böhlau Verlag, Köln/Wien 1970, ISBN 3-412-42670-9, S. 11 (Online-Version[мртва врска])
- Lewis Stiller: Multilinear Algebra and Chess Endgames, in: Games of No Chance, Bd. 29, 1996, S. 151-192 (behandelt Amelungs Beitrag zur Endspielforschung)
- Шахматный словарь / гл. ред. Л. Я. Абрамов; сост. Г. М. Гейлер. — М.: Физкультура и спорт, 1964. — С. 187. — 120 000 экз.
- Шахматы. Энциклопедический словарь / гл. ред. А. Е. Карпов. — М.: Советская энциклопедия, 1990. — С. 16. — 100 000 экз. — ISBN 5-85270-005-3
- Я. Владимиров. «1000 шахматных этюдов». Москва: Астрель, 2003. ISBN 5-271-05741-0.
Надвошрешни врски
уреди- Фридрих Амелунг — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
- Профил на Фридрих Амелунг на 365chess.com.
- Композиции на Фридрих Амелунг[мртва врска] на softdecc.com.