Ангус
Ангус (англиски: Angus, гелски: Aonghas) е управна област, регистарска грофовија и намесништво во Шкотска. Областа се граничи со управните области Абердиншир, Перт и Кинрос и градот Данди. Главни стопански гранки се земјоделството и рибарството.
Ангус Angus Aonghas | |
---|---|
Грб | |
Местоположба | |
Географија | |
Површина | X место |
- Вкупно | 2182 км² |
Админ. центар | Форфар |
ISO 3166-2 | GB-ANS |
ONS-код | 00QC |
Демографија | |
Население | XIX место |
- Вкупно (2005) | 110.300 |
- Густина | 51/км² |
Политика | |
Совет на Ангус http://www.angus.gov.uk/ | |
Управ. партии | независен/Конзервативци/Либералдемократи/Лабуристи |
Пратеници |
|
Пратеници |
|
Историја
уредиАнгус во минатото бил грофовија (официјално Форфаршир од XVIII век до 1928, кога е вратено древното име) сè до 1975 кога станал округ во рамките на регионот Тејсајд. Во 1996 е укината двостепената локална самоуправа, и така Ангус станал управна област. Грофовијата Ангус се граничела со грофовиите Кинкардиншир на североисток, Абердиншир на север и Пертшир на запад. На југ гледала во Фајф преку Тејскиот Ферт. Границите на денешната управна област се исти како оние на грофовијата, но без градот Данди.
Географија
уредиАнгус може да се подели на три географски подрачја. Северниот и западниот дел е планински и ретко населен. Населението претежно се занимава со сточарство. Јужниот и источниот дел го карактеризираат благи ридови и крајбрежје. Овој дел е мошне населен, а најголемите места (како градот Данди) се приморски. Помеѓу овие две подрачја се протега плодниот земјоделски предел Стратмор (од гел. An Srath Mòr = „Голема Долина“) познат по одгледувањето на компир, меко овошје и говеда од расата Ангус.
Поважни населени места
уредиАнгус | |
---|---|
Грофовија (до околу 1890) | |
Земја | Шкотска |
Админ. центар | Форфар |
Површина | |
• Вкупна | 2.302 км2 (889 ми2) |
XI место | |
Чепменов код | ANS |
Места од интерес
уреди- Брихинска катедрала
- замокот Брихин
- Национален парк Кернгормс
- замокот Едзел[1]
- замокот Гламз[2]
- Музеј на Монтроуз
Збратимени области
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Неоткриена Шкотска: Edzell Castle
- ↑ Замок Гламз (англиски)
- ↑ Совет на Ангус (21 јануари 2002). "Посета од Јантај". Соопштение за печат. посет. 6 септември 2010 г Архивирано на 2 март 2012 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 2011-09-01. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Совет на Ангус (англиски)
- Ангус на Curlie (англиски)
- Најдоброто од Ангус (англиски)
- Информативен портал на Данди и Ангус (англиски)