Тајвански Проток

(Пренасочено од Формозански Проток)

Тајванскиот Проток (кинески: трад. 臺灣海峽, упр. 台灣海峽, пинјин: Táihǎi) или Формозански Протокпроток со ширина од 180 км помеѓу островот Формоза (Тајван) и азиското копно. Дел е од Јужнокинеското Море и на североисток продолжува во Источнокинеското Море. [1] [2] Најтесниот дел е широк 130 км.[3]

Карта на Тајванскиот Проток

Географија

уреди

Протокот е сместен помеѓу Азија и Тихиот Океан и ги поврзува Јужнокинеското и Источнокинеското Море. [1] [2]

Западно од протокот се наоѓа покраината Фуџен во НР Кина, а недалеку од брегот се сместени поважни острови како Кинмен, Сјамен, Пингтан и Мацуовите Острови. На исток западниот брег на Тајван и Пенгху. Во водите се влеваат реките Мин и Џулунг. Протокот е од стопанско значење за рибната индустрија.

Историја

уреди

Тајванскиот Проток во поновата историја е место на судири помеѓу континентална Кина and Тајван уште од времето на Кинеската граѓанска војна во 1949 г., кога силите на Куоминтангот предводени од Чанг Кај Шек се повлекле преку протокот и го зазеле Тајван како нивно конечно упориште.

НР Кина предлага изградба а на тунел под протокот со кој би се поврзале магистралите во земјата со островот Тајван. Иако овој голем потфат е технички изводлив, идејата наишла на отпор кај тајванските власти, плашејќи се дека со ова може да се загрози безбедноста на земјата и не сакајќи да ја признаат „политиката на една Кина“.[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 C. Reid Nichols; Robert G. Williams (1 јануари 2009). Encyclopedia of Marine Science. Infobase Publishing. стр. 298–. ISBN 978-1-4381-1881-9. Посетено на 22 јануари 2013.
  2. 2,0 2,1 T. Ichiye (1 април 2000). Ocean Hydrodynamics of the Japan and East China Seas. Elsevier. стр. 301–. ISBN 978-0-08-087077-9. Посетено на 22 јануари 2013.
  3. „Географија“. Владина информативна служба. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 23 јануари 2011.
  4. Wu Zhong (14 јануари 2005). „Mainland to triple highway network“. The Standard. Посетено на 13 декември 2007.
  5. Gittings, John (8 април 2002). „Plans unveiled in China for Taiwan tunnel“. The Guardian. London. Посетено на 24 мај 2010.

24°48′40″N 119°55′42″E / 24.81111° СГШ; 119.92833° ИГД / 24.81111; 119.92833