Лусонски Проток

проток помеѓу Тајван и Филипините

Лусонски Проток (филипински: Kipot ng Luzon) — проток помеѓу Тајван и островот Лусон во состав на Филипините. Ги поврзува Филипинското и Јужнокинеското Море во западниот дел на Тихиот Океан.[1][2]

Old Japanese map of the Luzon Strait

Опис

уреди

Протокот е широк околу 250 км и во него лежат две островски групи: Батанес во истиомената покраина, и Бабујан во покраината Кагајан, обете во состав на Филипините.

Поделен е на повеќе помали протоци. Бабујанскиот Проток го двои Лусон од архипелагот Бабујан, кој пак е одвоен од архипелагот Батанес со Балинтаншкиот Проток. Батанес е одделен од Тајван со протокот Баше.

Има голема важност како минувалиште во товарниот сообраќај и комуникациите. Многу бродови од Јужна и Северна Америка одат низ него за да стасаат до важните источноазиски пристаништа. Низ него минуваат разни голем број подводни кабли за телефонски и семрежни кабли кои ги опслужуваат континентална Кина, Хонгконг, Тајван, Јапонија и Јужна Кореја.[3]

Северно од протокот се забележани огромни бранови со висина до 170 м. Овие бранови се меѓу најголемите во светот, и настануваат поради плимите и морските струи, но најчесто остануваат под вода и затоа не се опасни за бродовите. Ова колебање во голема мера е производ среќавањето на подводните движења со долгиот срт во правец север-југ кој се протега низ речиси целиот проток, а во северниот дел се зголемува со среќавањето со уште еден напореден срт.[4] Протокот е длабок од 3.500 до 4.000 м северно-јужните бразди во средината и по југозападниот раб.

Историја

уреди

Лусонскиот Проток бил на патот на јапонските за инвазија на теротири во Втората светска војна. На 8 декември 1941 г. (истиот ден кога е нападнат Перл Харбор поради меѓународната датумска граница), јапонските сили слетале на Батанес. На 10 декември веќе го окупирале островот Камигин де Бабујанес во архипелагот Бабујан (не се работи за Камигин северно од Минданао) во наскоро напуштен обид да се воспостави хидроавионска база, и истиот ден слетале кај Апари, Кагајан на Лусон.

Подоцна во текот на војната, многу американски подморници ловеле јапонски конвои кои минувале низ протокот враќајќи се за Јапонија од Источните Инди.

Наводи

уреди
  1. "Pacific Ocean" Архивирано на 1 јануари 2013 г.. CIA World Factbook. посет. 20 јуни 2011 г.
  2. "Southeast Asia Map" Архивирано на 16 септември 2012 г.. CIA World Factbook. посет. 20 јуни 2011 г
  3. Greenlees, Donald and Arnold, Wayne, 29 декември 2006. "Asia scrambles to fix quake damage to data cables". CNET News.com.
  4. Oskin, Becky (2014-01-09). "Ocean's Huge Hidden Waves Explained""[мртва врска]. LiveScience.com. посет. 13 јануари 2014 г.

21°0′N 121°0′E / 21.000° СГШ; 121.000° ИГД / 21.000; 121.000