Фиона Штајл-Антони

луксембуршка шахистка

Фиона Штајл-Антони (10 јануари 1989, Нидеркорн, Луксембург) — луксембуршка шахистка која ја поседува титулата женски меѓународен мајстор.

Фиона Штајл-Антони
Фиона Штајл-Антони
Целосно имеФиона Штајл-Антони
Земја Луксембург
Роден10 јануари 1989
Нидеркорн, Луксембург
Титулаженски меѓународен мајстор (2010)
ФИДЕ-рејтинг2129 (октомври 2019)
Најв. рејтинг2205 (јули 2017)

Животопис

уреди

Фиона научила да игра шах со помош на татко ѝ кога имала девет години. Една година подоцна, таа станала дел на националната репрезентација, а нејзин тренер во тоа време бил Властимил Јанса. Во 2015 година, Фиона магистрирала по менаџмент на настани на Лондонскиот метрополитенски универзитет. Од 2016 година, таа работи за 2016 chess24.com.

Шаховска кариера

уреди

Фиона за првпат настапила за Лукесмбургна светското младинско првенство во шах во Оропеза дел Мар во 2000 година, по што продолжила да учествува на истиот турнир вкупно шест пати. Таа исто така настапувала за Луксембург и четири пати на европските младински првенства во шах, како и на светското јуниорско првенство во шах во Пуерто Мадрин во 2009 година.

Штајл-Антони учествувала на седум Шаховски олимпијади (2002-2014) како дел од репрезентацијата на Луксембург, вклучувајќи го и нејзиниот настап како дел од машката репрезентација во Ханти-Мансијск во 2010 година. Нејзиниот најдобар резултат го остварила на Шаховската олимпијада 2006 во Торино, каде што остварила учинок 10/12 и го освоила златниот медал на втора табла. За овој успех, таа ја добила титулата женски ФИДЕ-мајстор.[1][2]

На женскиот велемајсторски турнир во Кондом во 2008 година завршила на делба на второто место.[3] Се стекнала со титулата женски меѓународен мајстор во април 2010 година, како последица на нејзините на резултати на Шаховската олимпијада 2006, светското младинско првенство во 2007, отворениот турнир во Вандевр ле Нанси и турнирот во Кондом во 2008 година.[4][5]

Фиона била првенка на својата земја неколкупати и завршила како втора на отворениот турнир во Клаксвик во 2010, турнирот во Уксбриџ истата година и на турнирот во Мулхаус во 2012 година.[6][7][8][9]

Штајл-Антони настапила за Луксембург на Екипното шаховско првенство на мали нации во 2009 и 2013 година, при што го освоила бронзениот медал во Андора ла Веља.[10] Таа била дел од репрезентацијат на Луксембург и на европското екипно првенство во шах во Порто Карас во 2011 година.[11]

Заедно со меѓународниот мајстор Том Вебер, Фиона Штајл-Антони го освоила турнирот во брзопотезен шах во двојки во Гибралтар во 2011 година. Ова било прво учество на клубот „Смешинг понс“ (оригинал: The Smashing Pawns) на какво било натпреварување. Моментно, Фиона игра за клубовите Смешинг понс (Луксембург), Вандевр (Франција) и Чедлтон (Англија).

Наводи

уреди
  1. Fiona Steil-Antoni Women's Chess Olympiad results.
  2. Fiona Steil-Antoni, Men's Chess Olympiad results.
  3. 7eme open international de Condom - GMF, FIDE Tournament Report.
  4. Fiona Steil-Antoni, FIDE Player Profile.
  5. Fiona Steil-Antoni WIM Title Application, FIDE 2nd quarter Presidential Board 2010, 21-24 April 2010, Sofia, BUL.
  6. Big Database 2013, ChessBase GbmH
  7. Klaksvik Open 2010, FIDE Tournament Report.
  8. Uxbridge International Women.
  9. Festival de Mulhouse 2012, FIDE Tournament Report.
  10. Fiona Steil-Antoni, Small Nations Chess Team Tournament results.
  11. Fiona Steil-Antoni, European Men's Team Chess Championship results.

Надворешни врски

уреди