Филипсбург (Свети Мартин)
Филипсбург (холандски: Philipsburg) — главно гратче на холандската територија Свети Мартин на истоимениот остров во Карибите. Сместен е на теснец помеѓу Големиот Залив и Големата Солена Бара навнатре во островот. Претставува важен трговски средиште за целиот остров, чија јужна половина е холандска. Во 2011 г. гратчето броело 1.327 жители.
Филипсбург Philipburg | |
---|---|
Поглед на Големиот Залив и Филипсбург | |
Местоположба на Филипсбург во рамките на островот Свети Мартин | |
Земја | Холандија |
Сост. земја | Свети Мартин |
Остров | Свети Мартин |
Пристигање на Колумбо | 11 ноември 1493 |
Основан | 1763 (Џон Филипс) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 1.327 |
Клима | Aw |
Историја
уредиГратчето е основано во 1763 г. од шкотскиот капетан Џон Филипс кој бил во служба на Холандија и набргу стекнало на важност во меѓународната трговија. Има две тврдини кои сведочат за неговата стратешка важност во минатото, наречени Амстердам и Вилем.[1]
Клима
уредиОстровот има тропска саванска клима (класа Aw),[2] и е посув од другите краишта на североисточните Кариби поради дождовната сенка која ја фрлаат планините, притоа сушејќи ги североисточните пасати. Најсув е периодот од јануари до јули, а највеќе врнежи има од септември до ноември, кога честопати настапуваат ураганите во регионот.
Туризам
уредиГлавна трговска улица е Фронт Стрит (во прев. „Предна Улица“) во самиот центар на градот, која има доста продавници. Пристаништето редовно го посетуваат голем број патнички крстосувачи, меѓу кои и најголемите и најпознатите.
Сообраќај
уредиВоздухопловство
уредиЗаадно од Филипсбург е сместен Меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ (IATA: SXM, ICAO: TNCM), кој важи за своевидна знаменитост поради полетувањата и слетувањата во физички ограничен простор. Особено популарен е млазниот истисок на авионите при полет, кој предизвикува бранови и ги воодушевува посетителите, иако ова може да биде опасно доколку луѓето не се придржуваат до безбедносните напатствија.
Образование
уредиВо гратчето има неколку училишта:[3]
- „Орање“ — државно основно училиште
- „Сестра Борџа“ — полудржавно основно училиште
- „Свети Јосиф“ — полудржавно основно училиште
- „Песочен часовник“ — полудржавно средно училиште
Покрај училиштата, Филипсбург има и јавна библиотека наречена „Јубилејна библиотека на Филипсбург“.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Accenting St. Maarten, Dutch Caribbean“. geographia.com.
- ↑ „Philipsburg, Sint Maarten Köppen Climate Classification (Weatherbase)“. Weatherbase.
- ↑ "Список на училишта Архивирано на 5 октомври 2020 г. — Управа на Свети Мартин. посет. 28 февруари 2018 г
- ↑ Контакт Архивирано на 3 октомври 2020 г.. Јубилејна библиотека на Филипсбург. посет. 28 февруари 2018 г
Надворешни врски
уреди„Филипсбург“ на Ризницата ? |
- Јубилејна библиотека на Филипсбург Архивирано на 24 мај 2017 г. — Јавна библиотека на Свети Мартин (англиски)
- Филипсбург[мртва врска] — Голема руска енциклопедија (руски)
- Филипсбург на Фејсбук