Свети Мартин (остров)

остров во Карипското Море

Свети Мартин (француски: Saint-Martin; холандски: Sint Maarten) — остров во североисточно Карипско Море, на околу 300 километри источно од Порторико. Островот има вкупна површина од 87 км2 и е поделен на меѓу Франција и Кралство Холандија, каде Франција зазела 53 км2[1], а Кралството Холандија има 34 км2[2]. Иако Холандија има помала територија, сепак холандскиот дел е понаселен. Свети Мартин е еден од најмалите поделени региони меѓу две нации и поделбата датира од 1648 година. Северниот дел е од Франција и се вика Колектив Свети Мартин, а додека јужниот дел е од Кралството Холандија и се нарекува Уставна држава Свети Мартин. На 1 јануари 2007 година, островот имал население од 74,852 жители, од кои 38,927 живееле во холандскиот дел[3], а 35,925 живееле во францускиот дел.[4]

Свети Мартин
Sint Maarten (холандски)
Saint-Martin (француски)

Наречен и: Пријателскиот остров
Географија
МестоКарипско Море
Координати18°04′N 63°03′W / 18.067° СГШ; 63.050° ЗГД / 18.067; -63.050
АрхипелагМали Антили
Површина87 км2
Највисоко место414 м
Највисока точкаПик Парадис
Држава
Кралство Холандија
уставна држава Свети Мартин (Холандија)
Најголема населбаЛоуер Принс Квартер (pop. 8,123)
Франција
прекуморска заедница Свети Мартин (Франција)
Најголема населба населбаМариго (pop. 5,700)
Демографија
Население74,852 (1.1. 2007)
Густина860 /km2 (2.230 /sq mi)


Карта на островот Свети Мартин

Наводи

уреди
  1. INSEE, Government of France. „Démographie des communes de Guadeloupe au recensement de la population de 1999“. Посетено на 2009-01-27. (француски)
  2. Central Bureau of Statistics Netherlands Antilles. „Area, population density and capital“. Архивирано од изворникот на 2009-02-07. Посетено на 2009-01-27.
  3. Central Bureau of Statistics Netherlands Antilles. „Population per Island, January 1st“. Архивирано од изворникот на 2009-02-07. Посетено на 2010-01-30.
  4. INSEE, Government of France. „Populations légales 2007 pour les départements et les collectivités d'outre-mer“. Посетено на 2010-01-30. (француски)

Користена литература

уреди
  • Baldachino, Godfrey (2006), "The Impact of Public Policy on Entrepreneurship: A Critical Investigation of the Protestant Ethic on a Divided Island Jurisdiction," Journal of Small Business and Entrepreneurship 19 (4), pp. 419–430.
  • Dana, Leo Paul (1990), “Saint Martin/Sint Maarten: A Case Study of the Effects of Politics and Culture on Economic Development,” Journal of Small Business Management XXVIII (4) October, pp. 91–98.
  • Dana, Leo Paul (2010), Entrepreneurship & Religion, Cheltenham, United Kingdom: Edward Elgar, ISBN 978-1-84720-572-8.
  • Houston, Lynn Marie (2005). Food Culture in the Caribbean. Greenwood Press, 2005. ISBN 0-313-32764-5.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди