Фантом (филм од 1922)
Фантом (германски: Phantom) - германски филм од 1922 година, во режија на Фридрих Вилхелм Мурнау според сценариото на Герхард Хауптман. Главните улоги ги толкуваат: Алфред Абел, Фрида Рихард, Ауд Егеде-Нисен, Адолф Клајн, Лиа Де Пути, Грете Бергер, Антон Едхофер, Карл Етлингер, Лил Даговер, Вилхелм Дигелман, итн.
Синопсис
уредиЛоренц Лубота (го игра Абел) е сиромашен општински службеник, кој е вљубен во книгите, а и самиот пишува поезија. Тој често го посетува книжарот Штарке (го игра Етлингер) чија ќерка Мари (ја игра Даговер) е вљубена во Лоренц. Еднаш, Лоренц му ја остава својата поетска збирка на Штарке, а тој е воодушевен и збирката му ја покажува на еден професор (го игра Дигелман) со надеж дека тој ќе ја испечати книгата. Истовремено, поминувајќи ја улицата, Лоренц го прегазува кочијата на богатата и убава девојка Вероника Харлан (ја игра Де Пути). Од сударот, тој претрпува повреда на главата и веднаш станува опседнат со Вероника. Лоренц верува дека ќе има блескава книжевна кариера и ѝ се пофалува на својата богата тетка Швабе (ја игра Бергер), која му дава пари за да купи нов костум. Лоренц и неговата сестра Мелани (ја игра Егеде-Нилсен) предизвикуваат скандал во еден ресторан, по што Мелани стапува во врска со Виготчински (го игра Едхофер), кој пак е љубовник на Швабе. Во меѓувреме, Лоренц ја запознава девојката Мелита која многу личи на Вероника и стапува во врска со неа, но мора да ѝ овозможи раскошен живот. Виготчински смислува план како да извлече пари од Швабе и за таа цел го искористува Лоренц кого го убедува да земе заем од тетка му. Меѓутоа, тетка му оди во домот на Лоренц, каде од мајка му (ја игра Рихард) дознава дека е избркан од работа и дека парите ги троши ннедомаќински. Затоа, таа му ги бара парите назад, заканувајќи му се дека ќе го пријави во полицијата. Лоренц е очаен, а мајка му се тешко се разболува. Виготчински пак го наговара Лоренц да ја ограбат Швабе, но додека ги крадат парите, таа се буди и ги повикува соседите. Така, пристигнува полицијата и ги затвора Лоренц и Виготчински. По излегувањето од затворот, Лоренц го чекаат Мари Штарке и нејзиниот татко и Лоренц продолжува да живее со нив. По наговор на Мари, Лоренц ги запишува своите доживувања во книга.[1]