Фанес (митологија)

Фанес (старогрчки: Φάνης, genitive Φάνητος),[1] или Протогон (грчки: Πρωτογόνος, "Првородениот"), бил мистичен исконски бог на зачнувањето и на создавањето нов живот, кој бил воведен во старогрчката митологија од страна на орфичката традиција. Други имиња за овој класичен грчки орфички концепт се Ерикапеј (Ἠρικαπαῖος or Ἠρικεπαῖος "моќ") и Метис ("мисла").[2]

Фанес
Цртеж од 16 век на Фанес од Франческо де Роси
Други имињаПротогон
РодителиХронос и Ананке или Никта

Митологија

уреди

Во митовите Фанес често се изедначува со Ерос и со Митра и е прикажан како божество кое произлегло од космичкото јајце, испреплетено со змија. Тој имал шлем и широки, златни крилја. Орфичката космогонија е бизарна и сосем поинаква од сагите за создавањето кои ги нудат Хомер и Хесиод. Научниците сугерираат дека Орфизмот е "негрчко" па дури и "азиско" поимање на нештата, поради неговиот својствен дуализам.[3][4]

Орфички мит

уреди

Времето, кое исто така, се нарекува и Еон, создало сребро јајце на вселената. Од ова јајце излегол првородениот, Фанес. Фанес бил машко-женско божество на светлината и добрината, чие име означува "да се донесе светлина", или "да блесне". Првородениот е бог на светлината, кој изникбува од празнината или водената бездна и со него се раѓа вселената.[5]

Улогата на Фанес како исконски бог

уреди

Многу теми од претходните митови се очигледни во новата традиција. За Фанес се верувало дека е изведен од Светот-Јајце на Хронос (Времето) и на Ананке (Потребата или Судбинатата) или пак од Никта во форма на црна крилеста птица. Неговата постара сопруга Никта (Ноќ) него го нарекувала Протоген. Откако таа ја создала ноќта, тој го создал денот. Тој го создал методот на создавање со мешање. Станал владетел на божествата и ѝ го дал жезлото на Никта. Оваа нова орфичка традиција вели дека Никта подоцна му го дала жезлото на нејзиниот син Уран пред тоа да дојде во рацете на Крон кој потоа ќе му го предаде на Зевс.

Теогонијата на Протогон во други извори

уреди

Според Аристофан, каде тој се нарекува Ерос, Фанес се родил од јајце што го создала Никта. Потоа бил ставен во безграничниот круг на Ереб по што се помешал со Хаосот и ги создал птиците.[6] Овој пасус се обидува да покаже дека птиците се сметаат за постари од сите други живи суштества, постари дури и од другите богови.

"Теогонијата на Протогон" е позната преку коментарот во Дервентскиот папирус и наводите на Емпедокле и Пиндар.

Според Дамас, Фанес бил првиот бог "изразлив и прифатлив за човековите уши" (грчки: πρώτης ητόν τι ἐχούσης καὶ σύμμετρον πρὸς ἀνθρώπων ἀκοάς ).[7]

Друга орфичка химна тврди:[8]

"Ти ја расфрли темната магла што ти лежеше пред очи и мавтајќи со крилјата, низ светот ја донесе чистата светлина. Заради ова те нарекувам Фанес." (старогрчки: "ὄσσων ὃς σκοτόεσσαν ἀπημαύρωσας ὁμίχλην πάντη δινηθεὶς πτερύγων ῥιπαῖς κατὰ κόσμον λαμπρὸν ἄγων φάος ἁγνόν , ἀφ' οὗ σε Φάνητα κικλήσκω.")

Дервентскиот папирус зборува за Фанес:

"На првородениот крал, бескраен[9] ; и после него сите бесмртници растеле, благословени богови и божици и реки и прекрасни извори и сè друго што се родило, и тој самиот стана еден единствен".[10] (старогрчки: "Πρωτογόνου βασιλέως αἰδοίου∙ τῶι δ' ἄρα πάντες ἀθάνατοι προσέφυν μάκαρες θεοὶ ἠδὲ θέαιναι καὶ ποταμοὶ καὶ κρῆναι ἐπήρατιο ἄλλα τε πάντα , ἅσσα τότ' ἦγγεγαῶτ ', αὐτὸς δ' ἄρα μοῦνος ἔγεντο.")

Поврзаноста на Протогон и Дионис

уреди

Дионис во орфичката традиција е тесно поврзан со Протогон. Во орфичката химна 30, тој е дадена му е листа со епитети кои, исто така, укажуваат на Протогон: (старогрчки: "πρωτόγονον, διφυῆ, τρίγονον, Βακχεῖον ἄνακτα,ἄγριον, ἄρρητον, κρύφιον, δικέρωτα, δίμορφον") - "исконски, со двојна природа, трипати роден, бахиски господар, дивјак, неискажлив, таинствени, со два рога, и со два облика".[11]

Во орфичката традиција, Дионис-Протогон-Фанес е умирачки и оживувачки бог. Евсевиј раскажува приказната за неговата смрт и оживување. Титаните ги свариле откинатите екстремитети на Дионис во котел, го печеле па го јаделе печеното "жртвено месо", тогаш Атена му го спасила срцето (која сè уште чука)[12] од кое (според Олимпиодор)[13] Зевс успеал одново да го создаде богот и да го врати во живот.

Кеслер тврди дека овој култ на смртта и воскресението на Дионис развиен во 4-от век, заедно со митраизмот и други секти бил во директна конкуренција со раното христијанство во текот на доцната антика.[14]

Извори

уреди
  • Andrew Lang (1887).   Myth, Ritual, and Religion, Volume 1, Chapter 10. Wikisource. pp. 315–319.Andrew Lang (1887). Myth, Ritual, and Religion, Volume 1, Chapter 10 . стр. 315–319 – преку Викиизвор.
  • Mario Iozzo, “La kylix fiorentina di Chachrylion ed Eros Protogonos Phanes”, in Antike Kunst 55, 2012, pp. 52–62

Надворешни извори

уреди

Наводи

уреди
  1. William Smith, уред. (1870). A Dictionary of Greek and Roman biography and mythology. Perseus Project.
  2. Thomas Taylor (1824). The Mystical Hymns of Orpheus (Second. изд.). Chiswick. стр. XV.
  3. David Livingstone (2002). The Dying God: The Hidden History of Western Civilization. iUniverse. стр. 110. ISBN 0-595-23199-3.
  4. Jeffrey Burton Russell (1987). The Devil: Perceptions of Evil from Antiquity to Primitive Christianity. Cornell University Press. стр. 137. ISBN 0-8014-9409-5.
  5. Liz Greene (2000). The Astrological Neptune and the Quest for Redemption. Weiser Books. стр. 78–79.
  6. Aristophanes, The Birds 690–702
  7. Cf. B. 75-80, K. 54
  8. Orphic Hymn 6; trans. Athanassakis 1977
  9. http://www.greek-language.gr/greekLang/modern_greek/tools/lexica/search.html?lq=%CE%B1%CE%90%CE%B4%CE%B9%CE%BF%CF%82&sin=all
  10. Kouremenos, Parássoglou, and Tsantsanoglou 2006
  11. Orphic Hymn 30 Trans. Athanassakis 1977, 43
  12. Euseb. Praep. ev. 2.3.25 (K. 35)
  13. Olympiod. in Plat. Phaedon. 2.21 (K. 220)
  14. E. Kessler, Dionysian Monotheism in Nea Paphos, Cyprus Symposium on Pagan Monotheism in the Roman Empire, Exeter, 17–20 July 2006 Abstract Архивирано на 21 април 2008 г.