Факултет за информатика - Штип
Факултет за информатика - Штип — факултет во рамките на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
Вид | државен |
---|---|
Основан | 2007 |
Декан | проф. д-р Цвета Мартиновска |
Место | Штип, Македонија |
Припадност | Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип |
fi.ugd.edu.mk |
Историјат
уредиУниверзитетот „Гоце Делчев“ и Факултетот за информатика, како негов составен дел, ја започнаа својата работа во учебната 2007/2008 година. Согледувајќи ја потребата од високоспецијализирани кадри од областа на информатичките науки во сите сфери на општеството и уште повеќе кадар кој ќе се вклучи во научноистражувачката работа на Универзитетот и понатаму ќе се вклучи во образувањето на идните генерации инженери од областа на информатичките технологии и софтверското инженерство.
Организација и структура
уредиФункцијата декан на Факултетот за информатика ја врши проф. д-р Цвета Мартиновска, додека за продекан е избрана проф. д-р Александра Милева.[1]
Носител на студиите е Факултетот за информатика, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Факултетот за информатика, а тоа се[2]:
- Катедра за применета математика;
- Катедра за математика и статистика;
- Катедра за компјутерски технологии и интелигентни системи;
- Катедра за компјутерско инженерство и комуникациски технологии;
- Катедра за информациски технологии.
Во состав на Факултетот за информатика успешно функционира Институтот за информатика Архивирано на 21 декември 2012 г., а како раководител на Институтот е назначен д-р Сашо Коцески.
Прв циклус на студии
уредиСтудиската програма на Факултетот за информатика се заснова на Европскиот кредит-трансфер систем, што им овозможува подвижност на студентите од еден на друг универзитет во Европа. На студентот му се дава можност по завршување на трета година да добие стручно звање со кое може веднаш да се вработи во стопанството, а со завршување на четири години, студентот се стекнува со академско звање. Факултетот има соработка со водечките софтверски фирми во земјава.
Наставата на Факултетот се одвива преку предавања, аудиторски и лабораториски вежби. За проверка на знаењата во текот на семестарот се организираат по два колоквиума од секој предмет, со што студентите се мотивираат да учат континуирано и на крајот се изведува краен испит од предметот. Во текот на семестарот, студентите работат на проектна задача за што им се оставени на располагање најсовремени лаборатории и врз основа на сите овие активности, се оформува конечната оценка од предметот. Крајниот испит се полага на крајот од семестарот и на располагање се три редовни сесии во годината – јануарска, јунска и септемвриска.
По завршувањето на предвидените обврски од I до VIII семестар и успешно одбранета дипломска работа, студентот освојува 240 ЕКТС и се здобива со академско звање соодветно на студиската програма.
На Факултетот за информатика се применува нов пристап кон студентите и кон стекнувањето на знаење, усогласен со практиките и искуствата на факултетите во земјите на ЕУ и САД.
Според студиската програма на постдипломските студии на Факултетот за информатика, сите задолжителни и изборни предмети се распоредени во една или две студиски години, односно два или четири семестри со вкупно 60 или 120 ЕКТС.
Во првиот циклус на студии на Факултетот за информатика се изучуваат следниве студиски програми акредитирани во 2017/2018[3]:
- Компјутерско инженерство и технологии, 4 години, 240 ЕКТС, звање: Дипломиран инженер по информатика - Компјутерско инженерство и технологии
- Компјутерски науки, 4 години, 240 ЕКТС, звање: Дипломиран инженер по информатика - Компјутерски науки
- Бизнис информатика, 4 години, 240 ЕКТС, звање: Дипломиран бизнис информатичар
- Математика наставна, 4 години, 240 ЕКТС, звање: Дипломиран професор по математика
Втор циклус на студии
уредиВо вториот циклус на студии на Факултетот за информатика се изучуваат следниве студиски програми[4]:
Едногодишни студиски програми акредитирани во 2018/2019
- Биоинформатика
- Информациски системи и технологии
- Интелигентни веб технологии
- Компјутерска безбедност и дигитална форензика
- Пресметковно инженерство
- Роботика и интелигентни системи
- Софтверско инженерство
- Финансиска и актуарска математика
- Математичко-информатичко образование
- Математика
Двегодишни студиски програми акредитирани во 2018/2019
- Математика
- Комуникациски технологии и обработка на сигнали
- Computational Engineering
- Информатички и веб технологии
- Интелигентни системи и роботика
- Математичко–информатичко образование
- Пресметководно инжинерство
- Информациски системи и технологии
Научноистражувачка и издавачка дејност
уредиОсвен наставната дејност, наставничкиот кадар на Факултетот се занимава со научна и апликативна дејност. Во тек се TEMPUS, еден билатерален проект со Р. Турција и еден со Н. Р. Кина. Исто така, се прават преговори со фирми од стопанството за кои ќе се работат апликативни проекти. Објавени се многу трудови во меѓународни и домашни списанија, како и трудови во меѓународни списанија со фактори на влијание:
- Gicev, V. and Trifunac, M.D. Transient and permanent shear strains in a building excited by strong earthquake pulses, Soil Dynamics and Earthquake Engineering, vol.29, issue 10, 2009, 1358-1366
- Gicev, V. and Trifunac, M.D. Amplification of linear strain in a layer excited by a sher-wave earthquake pulse, Soil Dynamics and Earthquake Engineering, vol.30, issue 10, 2010, 1073-1081.
Предметите од студиската програма се покриени со соодветни учебници, скрипти и авторизирани предавања, кои се во согласност со Правилникот за остварување на издавачка дејност во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и истите се доставуваат до постоечките универзитетски продавници.