Успение Богородичино (Владимир)
Успение на Пресвета Богородица (Владимир) (понекогаш наречена Катедрала Успение) (руски: Собор Успения Пресвятой Богородицы)[1] — православна црква на Руската православна црква во градот Владимир, катедрала на епархијата на Владимир. Станува збор за извонреден споменик на руското градителство изведена на бел камен од XII век, а сега е државен музеј. Во 1992 година била вклучена во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.[2]
Успение Катедрала во Владимир | |
---|---|
Храм на Успение на пресвета Богородица | |
Поглед на катедралата | |
Основни податоци | |
Место | Владимир, Владимирска област, Русија. |
Координати | 56°07′37″N 40°24′33″E / 56.12694° СГШ; 40.40917° ИГД |
Припадност | Христијанство |
Обред | православен |
Осветен | 1160 |
Духовно-организациски статус | Катедрала од Владимир и Суздал Епархија |
Културнонаследствен статус | Список на светско културно наследство |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Архитект испратен од Царот Фридрих Први Барбароса |
Архитектонски тип | Руска романика |
Архитектонски стил | Вкрстено куполна црква |
Ширина | 30,8 m |
Висина (најг.) | 32,3 m |
Историја
уредиКатедралата е изградена помеѓу 1158 и 1160 година по наредба на кнезот на Владимир-суздаљското Кнежевство Андреј Богољубски. Во 1185 до 1189 година таа била проширена за да се исполни истакни престижот на Владимир[3].
Со своите 1.178 квадратни метри, тој останува најголемиот храм во Русија за следните 300-400 години. Во 1408 година била украсена со нови фрески изработени од Андреј Рубљов и Даниел Чорни[4].
Подоцна, овој градежен споменик служел како модел за други храмови, како што е црквата Успение во московскиот Кремљ[5].
Тоа е еден од ретките храмови во кои се зачувани фреските на Андреј Рубљов.
Во 1810 година била изградена камбанарија до катедралата.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Успенский кафедральный собор
- ↑ Успенский собор во Владимире
- ↑ „Успенский собор“. Архивирано од изворникот на 2020-02-25. Посетено на 2020-04-03.
- ↑ Краткая история
- ↑ Андрей Рублев
Литература
уреди- Балыгина Л. П., Некрасов А. П., Скворцов А. П. Вновь открытые и малоизвестные фрагменты живописи XII в. в Успенском соборе во Владимире // Древнерусское искусство. Монументальная живопись XI—XVII в. — М., 1980.
- Виноградов А. И. История Кафедрального Успенского собора в губ. гор. Владимире. — 3-е изд. — Владимир: Типолитография Губ. правления, 1905. — 120 с. + 94 с. приложений.
- Воронин Н. Н. Владимир, Боголюбово, Суздаль, Юрьев-Польской : Книга-спутник по древним городам Владимирской земли. — М.: Искусство, 1967.
- Празен навод (help)