Универзитет „Македонија“ – Солун

Универзитет во Солун, Македонија, Грција

Универзитетот „Македонија“ (грчки: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας) — универзитет кој се наоѓа во Солун, Грција.

Универзитет „Македонија“
Πανεπιστήμιο Μακεδονίας
ГеслоУниверзитет за економски и социјални науки
Виддржавен
Основан1957; пред 67 години (1957) во Солун
РекторАхилеас Запранис
Студентиок. 15,339
6,000 активни
МестоСолун, Централна Македонија, Грција
КампусУрбана средина (околу 40.000 м2)
БоиТемносина, жолта, портокалова
ПрекарUoM, Pa.Mak. (Πα.Μακ.)
www.uom.gr

Тој е втор по големина универзитет во градот (по универзитетот „Аристотел“). Во моментов се состои од осум одделенија кои се занимаваат главно со општествени, политички и економски науки[1].

Историја уреди

Пред 1991 година, универзитетот бил познат како Солунско више училиште за индустриски науки (грчки: Eν Θεσσαλονίκη Ανωτέρα Σχολή Βιομηχανικών Σπουδών). Во 1985 година биле формирани две одделенија - „Економија и менаџмент“ и „Бизнис администрација“. Во 1990 година универзитетот го добиле денешното име - Македонија, кога биле создадени три нови катедри.

Кампус уреди

Универзитетот се наоѓа на ул. Егнатија 156. Кампусот е составен од група згради со вкупна површина од околу 40.000 квадратни метри, составена од амфитеатри, простории за настава и семинари, канцеларии и области на административни делови, ресторан (кој работи во текот на целата академска година), гимназија и книжарница. Исто така, постојат две соби каде може да се сместат 4-8 лица (претежно официјални посетители).

Факултети уреди

Универзитетот на Македонија е поделен на четири академски училишта, кои понатаму се поделени во осум одделенија[2].

Училишта Одделенија
Факултет за бизнис администрација
  • Оддел за Бизнис администрација (1990)
  • Оддел за сметководство и Финансии (1990)
Факултет за економски и регионални студии
Факултет за општествени науки, хуманистички и уметнички науки
  • Оддел за Меѓународни и Европски науки(1990)
  • Оддел за образовна и социјална политика (1998)
  • Оддел за музичка наука и уметност (1998)
Факултет за информатички науки
  • Оддел за применета информатика (1992)

Наводи уреди

  1. „University of Macedonia Internal Evaluation Reports“ (грчки). modip.uom.gr. Архивирано од изворникот на 2018-02-01.
  2. „Departments - University of Macedonia“. University of Macedonia. Архивирано од изворникот на 2014-12-13.

Надворешни врски уреди