Универзитет „Ка Фоскари“ - Венеција
Универзитетот „Ка Фоскари“ (италијански: Università "Ca' Foscari") во Венеција е познат како еден од најпрестижните универзитети во Италија. Своето име го добил по седиштето во кое е сместен, палатата наречена Ка Фоскари, сместена во венецијанскиот кварт Дорсодуро.
Историја и основање
уредиУниверзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција бил основан на 6 август 1868 година како Виша школа по трговија и истиот бил првата институција во Италија која се занимавала со вишо образование на полето на трговијата и економијата. Оттогаш неговото седиште останало во старата палата која гледа на венецијанските канали. Идејата за создавање на таков вид училиште се родила од присоединувањето на регионот Венето кон Кралството Италија во 1866 год. и особено била промовирана од страна на Лујџи Луцати. Школата била првиот институт од тој тип чија примарна цел било образованието на деловните луѓе како и образованието на наставници по економски предмети за средните училишта.
Ка Фоскари денес е модерен универзитет кој располага со широка лепеза на образовни активности поделени на 4 големи научно - културни области: економска, лингвистичка, природноматематичка и хуманистичка.
Организација
уредиУниверзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција е поделен на следниве четири факултети:
- Факултет по Економија
- Факултет по Странски јазици и литература
- Факултет по Хуманистички науки и Филозофија
- Природноматематички факултет
Занимливости
уреди- Ка Фоскари е еден од првите италијански универзитети кој во 2007 год. создаде свое веб-радио, односно радио „создадено од студенти за студентите“.
Надворешни врски
уреди- Универзитет „Ка Фоскари“ од Венеција - официјално мрежно место Архивирано на 31 март 2014 г. (италијански) (англиски)
- Радио Ка Фоскари (италијански)