Улица „Партизански Одреди“ - Блок VI (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Улица „Партизански Одреди“ - Блок VI“
| |
Местоположба | 41°59′56″N 21°22′39″E / 41.99889° СГШ; 21.37750° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Тафталиџе |
Општина | Карпош |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Улица „Партизански Одреди“ - Блок VI — некропола од римското време на подрачјето на скопската населба Тафталиџе, Македонија. Во 1969 година, при изградбата на станбени блокови, крај самата улица е откриен дел од помала некропола, која потекнува од II-III век. Освен еден целосно зачуван гроб - тип циста, граден од тули, и една оловна урна, откриени се три саркофази и два надгробни споменика - ципуси (камени квадери) со сите архитектонски елементи и украсни шишарки. Спомениците се наоѓаат во Музејот на Град Скопје.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 384. ISBN 9989-649-28-6.