Кирчо Арсовски
Кирчо Арсовски е писател , музичар и стрип цртач. Долгогодишен член на Т.Б. Трачери.
Тој е еден од најавтентичните андерграунд уметници во Македонија.
Стриповите во графичка смисла му се многу рудиментирани, но, во чувството за нарација тој се разликува од другите македонски стрип автори - во позитивна и афирмативна смисла. Има создадено околу десетина стрип приказни - со над 200 табли и исто толку цртежи.
Во 2023 година, во Струмица, во организација на здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, била отворена изложбата на цртежи „Комплицирано е“, на која Арсовски се претставил со 30 дела.[1].