Тјурингова награда
Тјурингова награда (англиски: Turing Award, формално: ACM A.M. Turing Award) — престижна награда која ја доделува Здружението за сметачка машинерија (ACM) на личности со придонеси од „голема и трајна техничка важност на полето на информатиката“.[2] Наградата важи за највисокото прознание што може да го добие еден информатичар[3][4] и неформално се смета за „Нобелова награда за информатика“.[5][6]
Тјурингова награда ACM Turing Award | |
---|---|
Статуа на Алан Тјуринг во Блечли Парк | |
Доделена за | исклучителни придонеси на полето на информатиката |
Држава | Њујорк, (САД) |
Доделува | Здружение за сметачка машинерија (ACM) |
Награда/и | 1.000.000 долари[1] |
Прво доделување | 1966 |
Мрежно место | {{URL|example.com|незадолжителен текст за приказ}} |
Наречена е во чест на британскиот математичар Алан Тјуринг (1912-1954) и академски работник во Манчестерскиот и Кембричкиот уинверзитет. Тјуринг се смета за основоположник на теоретската информатика и вештачката интелигенција.[7] Од 2007 до 2013 г., заедно со наградата се доделувале и 250.000 американски долари, со парична помош од „Интел“ и „Гугл“.[2] Почнувајќи од 2014 г. паричниот дел од наградата е накачен на милион долари,[1] со парична помош исклучиво од „Гугл“.[8]
Прв добитник на наградата (1966) бил Алан Перлис од универзитетот „Керниги Мелон“, а прва жена-лауреат (2006) била Френсис Елизабет Ален од ИБМ.[9][10][11]
Наградени
уредиГодина | Добитник | Образложение |
---|---|---|
1966 | Алан Перлис | За неговото влијание на полето на напредните техники на програмирање и осмислување на програмски преведувачи (компајлери)[12] |
1967 | Морис Вилкс | Осмислувач и изработувач на EDSAC — првиот сметач со внатрешно складиран програм во 1949 г. кој користел живина линија за задршка на складираното. Познат е и како еден од основоположниците на програмските библиотеки (1951)[13] |
1968 | Ричард Хаминг | За неговата работа на бројчените методи, системите за автоматско кодирање и системите за утврдување и исправка на грешки[14] |
1969 | Марвин Мински | За неговата стожерна улога во создавањето, обликувањето, распространувањето и унапредувањето на вештачката интелигенција.[15] |
1970 | Џејмс Вилкинсон | За неговите истражувања на полето на бројчената анализа за употреба во големобрзински дигитален сметач. За ова има добиено посебно признание за придонесот за линеарната алгебра и обратната анализа на грешки[16] |
1971 | Џон Мекарти | За значајниот придонес на полето на вештачката интелигенција, со неговото познато предавање „Сегашната состојба на истражувањето на вештачката интелигенција“[17] |
1972 | Едсгер Дејкстра | Главен учесник во разработката на програмскиот јазик од високо ниво ALGOL кон крајот на 1950-тите, која станала пример за јасно и математички строго програмирање. Еден од главните застапници на програските јазици во јавноста, со голем придонес за општото осознавање на нивната структура, претставување и примена. Има напишано многу дела од својата, и сродни области.[18] |
1973 | Чарлс Бахман | За неговите извонредни придонеси за технологијата на базите на податоци[19] |
1974 | Доналд Кнут | За значајните придонеси во анализата на алгоритмите и осмислувањето на програмските јазици, а особено со дела како „Уметноста на програмирањето“ и неговите продолженија[20] |
1975 | Ален Њуел и Херберт Сајмон |
За основните придонеси за вештачката интелигенција, прихологијата на човековото спознание и обработката на списоци[21] |
1976 | Михаил О. Рабин и Дана Скот |
За нивниот заеднички труд „Конечните автомати и нивниот проблем на одредување“[22] во кој се појавува идејата за недетерминистички конечни автомати со огромна вредност и значење, како и големо влијание врз понатамошното истражување на оваа тема[23][24] |
1977 | Џон Бекус | За темелните, влијателни и трајни придонеси за осмислувањето на практички програмски системи на високо ниво, особено со работата на FORTRAN, како и клучните трудови за формалните процедури и определби на програмските јазици[25] |
1978 | Роберт Флојд | За јасно влијание врз методологиите на создавање на делотворна и доверлива програмска опрема, како и учество во основањето на следниве важни полиња на информатиката: теоријата на синтактичката анализа (расчленување), семантиката програмските јазици, формалната проверка, автоматската програмска синтеза и анализата на алгоритми[26] |
1979 | Кенет Ајверсон | За неговите основоположничките напори на полето на програмските јазици и математичкото бележење, од кои произлегол програмскиот јазик APL, за придонесите во примената на интерактивните системи на APL за образовни цели, како и за теоријата и праксата на програмските јазици[27] |
1980 | Тони Хор | За неговите темелни придонеси за утврдувањето и осмислувањето на програмските јазици[28] |
1981 | Едгар Код | За неговите темелни и постојани придонеси во теоријата и практиката на системите за раководење со бази на податоци, особено односните бази[29] |
1982 | Стивен Кук | За унапредувањето на нашето разбирање на сложеноста на смтањето на значаен и темелен начин[30] |
1983 | Кен Томпсон и Денис Ричи |
За разработката на теоријата за генеричките оперативни системи, како и примената на оперативниот систем UNIX |
1984 | Никлаус Вирт | За разработка на низа иновативни сметачки јазици — EULER, ALGOL-W, MODULA и Паскал |
1985 | Ричард Карп | За постојаните придонеси за теоријата на алгоритмите, вклучувајќи ја разработката на делотворни алгоритми за проток во мрежите и други проблеми комбинаторската оптимизација, утврдувањето на полиномско-временската пресметливост со интуитивната претстава за алгоритамска делотворност. Од најголемо значење се неговите придонеси во теоријата на NP-потполност |
1986 | Џон Хопкрофт и Роберт Тарјан |
За темелни достигнувања во осмислувањето и анализата на алгоритмии податочни структури |
1987 | Џон Кок | За значајни придонеси за осмислувањето и теоријата на програмските преведувачи, архитектурата на големите системи и развојот на сметачите со смалено множество наредби (RISC) |
1988 | Ајван Садерленд | За основоположничките и визоонерски придонеси на полето на сметачката графика, почнувајќи со Sketchpad и продолжувајќи понатаму |
1989 | Вилијам Кахан | За неговите темелни придонеси за бројчената анализа. Еден од најголемите стручњаци за сметање со подвижна запирка. Се посветил на задачата „светот да биде безбеден за бројчени пресметки“ |
1990 | Фернандо Корбато | За основоположничката работа во уредувањето на поимите и предводењето на општонаменски системи за делење време и ресурси во големи размери, CTSS и Multics. |
1991 | Робин Милнер | За три посебни целосни достигнувања: 1) докажувачот на теореми LCF, механизацијата на Скотовата логика за пресметливи функции — веројатно првата теоретски заснована, но сепак практична алатка за машински-потпомогнато срочување на докази; 2) ML — првиот јазик со полиморфен типски извод заедно со типски безбеден механизам обработка на исклучоци; 3) пресметката на заемодејствувачки системи (CCS) — општа теорија на истовременоста. Покрај тоа, срочил и мошне ја напреднал целосната апстракција, која го проучува односот помеѓу работната и означувачката семантика.[31] |
1992 | Батлер Лампсон | За придонеси во развојот на околини на распределени лични сметачи у технологијата на нивната примена: работни станици, мрежи, оперативни системи, програмерски системи, монитори, безбедноста и објавувањето на документи. |
1993 | Јурис Хартманис и Ричард Стернс |
За клучниот труд со кој ја основале теоријата на пресметковна сложеност.[32] |
1994 | Едвард Фајгенбаум и Раџ Реди |
За основоположничкото осмислување и изработка на системи на вештачка интелигенција во големи размери, притоа покажувајќи ја практичната важност и можното влијание на ваквата технологија врз комерцијалните производи.[33] |
1995 | Мануел Блум | За придонеси во основите на теоријата на пресметковна сложеност и нејзината примена во криптографијата и проверката на програмите. |
1996 | Амир Пнуели | За клучната работа со која ја вовел врмеенската логика во информатиката, како и за неговите извонредни придонеси за проверката на програмите и системите. |
1997 | Даглас Енгелбарт | За осмислувањето на иднината на интерактивното сметачко работење и изумувањето на клучни технологии за спроведување на таа замисла. |
1998 | Џим Греј | За клучни придонеси во истражувањето на полето на базите на податоци и обработка на трансакции, како и за техничко водство на примената на системите. |
1999 | Фред Брукс | За значајните придонеси за сметачката архитектура, оперативните системи и програмското инженерство. |
2000 | Ендру Јао | За неговите темелни придонеси во теоријата на сметањето, вклучувајќи ја теоријата на создавањето на псевдослучајни броеви, криптографијата и сложеноста на поврзаностите. |
2001 | Оле-Јохан Дал и Кристен Нигорд |
За идеите од темелно значење за објектно-ориентираното програмирање, осмислувајќи ги програмските јазици Симула I и Симула 67. |
2002 | Рон Ривест, Ади Шамир и Леонард Ејдлман |
За нивниот генијален придонес за практичната примена на асиметричната криптографија. |
2003 | Алан Кеј | За поставување на темелите на многу идеи во основата на современите објектно-ориентирани програмски јазици, предводејќи ја екипата што го осмислила јазикот Smalltalk, како и за темелни придонеси за личните сметачи. |
2004 | Винтон Серф и Роберт Кан |
За основоположничката работа на меѓувмрежувањето, including the design и примената на основните поврзувачки протоколи на семрежјето TCP/IP, како и за инспиративно водство во работата на мрежите. |
2005 | Петер Наур | За темелните придонеси за осмислувањето на програмските јазици и определбата на ALGOL 60, за осмислувањето на програмските преведувачи, како и за програмерскиот занает. |
2006 | Френсис Е. Ален | За основоположничките придонеси за теоријата и практиката на оптимизација на технологиите на програмско преведувачи и автоматското напоредно извршување. |
2007 | Едмунд Кларк, Ернест А. Емерсон и Јосиф Сифакис |
За улогата во разработката на проверката на модели во високоделотворна технологија за проверка, нашироко прифатена во сметачката индустрија на програмско и машинско ниво.[34] |
2008 | Барбара Лисков | За придонеси за практичните и теоретски основи на програмските јазици и осмислувањето на системите, особено во врска со апстракцијата на податоците, толеранција на грешки и распределеното сметачко работење. |
2009 | Чарлс Текер | За основоположничото осмислување и примена на Ксерокс Алто — првиот современ личен сметач, како и за неговите придонеси за етернетот и табличниот сметач. |
2010 | Лезли Валијант | За придонесите кои ја преозбразиле теоријата на сметањето, вклучувајќи ја теоријата за „веројатно приближно точно“ учење (PAC), сложеноста на набројувањето и алгебарското пресметувањ, како и теоријата на напоредно сметачко работење. |
2011 | Јудеја Перл[35] | За темелни придонеси за вештачката интелигенција преку развојот на математичка анализа за веројатносно и причиносно расудување.[36] |
2012 | Силвио Микали Шафи Голдвасер |
За преобразителната работа која ги поставила темелите за теоријата на сложеноста во криптографијата и за процесот кој вовел нови методи на делотворна проверка на математички докази во неа.[37] |
2013 | Лезли Лампорт | За темелните придонеси за теоријата и практиката на рапсределените и истовремените сиситеми, особено за измислувањето на концептите како причиност и логички часовници, безбеднос и живост, автомати со умножени состојби и доследност во низите.[38][39] |
2014 | Мајкл Стоунбрејкер | За темелни придонеси за концептите и практиките на кои се темелат современите базни системи.[40] |
2015 | Мартин Хелман Витфилд Диф |
За темелни придонеси за современата криптографија. Во нивниот епохален труд „Нови насоки во криптографијата“ (New Directions in Cryptography) ја вовеле идејата за асиметричната криптографија и дигитален потпис — камен-темелник на највеќето денешни сигурносни протокли на семрежјето.[41] |
2016 | Тим Бернерс-Ли | За неговиот епохален изум — семрежјето (т.е. светската пајажина, интернет), првиот прелистувач и фундаменталните протоколи и алгоритми кои го овозможиле проширувањето на семрежјето.[42] |
2017 | Џон Л. Хенеси | За основополагањето на систематски и квантитативен приод кон осмислувањето и оценувањето на сметачките архитектури со трајно влијание врз индустријата на микрообработувачите.[43] |
Дејвид Патерсон | ||
2018 | Јошуа Бенжио | За концептните и инженерски новини во длабоките невронски мрежи, суштинска составница на сметачите.[44] |
Џефри Хинтон | ||
Јан Лекен | ||
2019 | Едвин Кетмал | За темелните придонеси кон тридимензионалната графика и револуционерно влијание на овие техники врз сметачки создадените слики (CGI) во кинемотографијата и други полиња.[45] |
Пет Ханрахан | ||
2020 | Алфред Ахо | За фундаменталните алгоритми и теоријата на која почива спроведувањето на програмски јазици и за срочување на овие резултати и оние на други во нивните влијателни книги од кои се образуваат поколенија информатичари.[46] |
Џефри Улман | ||
2021 | Џеј Донгара | За основоположничките придонеси кон бројчените алгоритми и библиотеки кои им овозможуваат на високоделотворниот пресметковни програми да бидат во тек со експоненцијалните подобрувања на машинската опрема повеќе од четири децении.[47] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Cacm Staff (2014). „ACM's Turing Award prize raised to $1 million“. Communications of the ACM. 57 (12): 20. doi:10.1145/2685372.
- ↑ 2,0 2,1 „A. M. Turing Award“. ACM. Архивирано од изворникот на 2009-12-12. Посетено на 2007-11-05.
- ↑ Dasgupta, Sanjoy; Papadimitriou, Christos; Vazirani, Umesh (2008). Algorithms. McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-352340-8., p. 317.
- ↑ Bibliography of Turing Award lectures Архивирано на 2 јануари 2015 г., DBLP
- ↑ Steven Geringer (27 July 2007). „ACM'S Turing Award Prize Raised To $250,000“. ACM press release. Архивирано од изворникот на 2008-12-30. Посетено на 2008-10-16.
- ↑ Погл. и: Brown, Bob (June 6, 2011). „Why there's no Nobel Prize in Computing“. Network World. Посетено на June 3, 2015.
- ↑ Homer, Steven and Alan L. (2001). Computability and Complexity Theory. Springer via Google Books limited view. стр. 35. ISBN 0-387-95055-9. Посетено на 2007-11-05.
- ↑ „ACM's Turing Award Prize Raised to $1 Million“. ACM. Архивирано од изворникот на 2015-11-23. Посетено на 2014-11-13.
- ↑ The Association for Computing Machinery (21 февруари 2007). "First Woman to Receive ACM Turing Award". Соопштение за печат. посет. 5 ноември 2007 г Архивирано на 26 мај 2012 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-26. Посетено на 2015-09-16.
- ↑ Marianne Kolbasuk McGee (February 24–26, 2007). „There's Still A Shortage Of Women In Tech, First Female Turing Award Winner Warns“. InformationWeek. CMP Media. Архивирано од изворникот на 2020-01-22. Посетено на 2007-11-05.
- ↑ Perelman, Deborah (February 27, 2007). „Turing Award Anoints First Female Recipient“. eWEEK. Ziff Davis Enterprise. Архивирано од изворникот на 2020-01-22. Посетено на 2007-11-05.
- ↑ Perlis, A. J. (1967). „The Synthesis of Algorithmic Systems“. Journal of the ACM. 14: 1. doi:10.1145/321371.321372.
- ↑ Wilkes, M. V. (1968). „Computers then and Now“. Journal of the ACM. 15: 1. doi:10.1145/321439.321440.
- ↑ Hamming, R. W. (1969). „One Man's View of Computer Science“. Journal of the ACM. 16: 3. doi:10.1145/321495.321497.
- ↑ Minsky, M. (1970). „Form and Content in Computer Science (1970 ACM turing lecture)“. Journal of the ACM. 17 (2): 197. doi:10.1145/321574.321575.
- ↑ Wilkinson, J. H. (1971). „Some Comments from a Numerical Analyst“. Journal of the ACM. 18 (2): 137. doi:10.1145/321637.321638.
- ↑ McCarthy, J. (1987). „Generality in artificial intelligence“. Communications of the ACM. 30 (12): 1030. doi:10.1145/33447.33448.
- ↑ Dijkstra, E. W. (1972). „The humble programmer“. Communications of the ACM. 15 (10): 859. doi:10.1145/355604.361591.
- ↑ Bachman, C. W. (1973). „The programmer as navigator“. Communications of the ACM. 16 (11): 653. doi:10.1145/355611.362534.
- ↑ Knuth, D. E. (1974). „Computer programming as an art“. Communications of the ACM. 17 (12): 667. doi:10.1145/361604.361612.
- ↑ Newell, A.; Simon, H. A. (1976). „Computer science as empirical inquiry: Symbols and search“. Communications of the ACM. 19 (3): 113. doi:10.1145/360018.360022.
- ↑ Rabin, M. O.; Scott, D. (1959). „Finite Automata and Their Decision Problems“. IBM Journal of Research and Development. 3 (2): 114. doi:10.1147/rd.32.0114.
- ↑ Rabin, M. O. (1977). „Complexity of computations“. Communications of the ACM. 20 (9): 625. doi:10.1145/359810.359816.
- ↑ Scott, D. S. (1977). „Logic and programming languages“. Communications of the ACM. 20 (9): 634. doi:10.1145/359810.359826.
- ↑ Backus, J. (1978). „Can programming be liberated from the von Neumann style?: A functional style and its algebra of programs“. Communications of the ACM. 21 (8): 613. doi:10.1145/359576.359579.
- ↑ Floyd, R. W. (1979). „The paradigms of programming“. Communications of the ACM. 22 (8): 455. doi:10.1145/359138.359140.
- ↑ Iverson, K. E. (1980). „Notation as a tool of thought“. Communications of the ACM. 23 (8): 444. doi:10.1145/358896.358899.
- ↑ Hoare, C. A. R. (1981). „The emperor's old clothes“. Communications of the ACM. 24 (2): 75. doi:10.1145/358549.358561.
- ↑ Codd, E. F. (1982). „Relational database: A practical foundation for productivity“. Communications of the ACM. 25 (2): 109. doi:10.1145/358396.358400.
- ↑ Cook, S. A. (1983). „An overview of computational complexity“. Communications of the ACM. 26 (6): 400. doi:10.1145/358141.358144.
- ↑ Milner, R. (1993). „Elements of interaction: Turing award lecture“. Communications of the ACM. 36: 78–89. doi:10.1145/151233.151240.
- ↑ Stearns, R. E. (1994). „Turing Award lecture: It's time to reconsider time“. Communications of the ACM. 37 (11): 95. doi:10.1145/188280.188379.
- ↑ Reddy, R. (1996). „To dream the possible dream“. Communications of the ACM. 39 (5): 105. doi:10.1145/229459.233436.
- ↑ 2007 Turing Award Winners Announced
- ↑ Pearl, Judea (2011). „The Mechanization of Causal Inference: A "mini" Turing Test and Beyond“ (mp4). ACM Turing award lectures. ACM. doi:10.1145/1283920.2351636. ISBN 978-1-4503-1049-9.
- ↑ „Judea Pearl“. ACM.
- ↑ „Turing award 2012“. ACM. Архивирано од изворникот на 2013-03-18. Посетено на 2015-09-16.
- ↑ „Turing award 2013“. ACM.
- ↑ Lamport, L. (1978). „Time, clocks, and the ordering of events in a distributed system“ (PDF). Communications of the ACM. 21 (7): 558–565. doi:10.1145/359545.359563.
- ↑ „Turing award 2014“. ACM.
- ↑ „Cryptography Pioneers Receive 2015 ACM A.M. Turing Award“. ACM.
- ↑ „Turing award 2016“. ACM.
- ↑ „Pioneers of Modern Computer Architecture Receive ACM A.M. Turing Award“. ACM.
- ↑ Fathers of the Deep Learning Revolution Receive ACM A.M. Turing Award
- ↑ Pioneers of Modern Computer Graphics Recognized with ACM A.M. Turing Award – Hanrahan and Catmull’s Innovations Paved the Way for Today’s 3-D Animated Films. посет. 19 март 2020 г.
- ↑ ACM Turing Award Honors Innovators Who Shaped the Foundations of Programming Language Compilers and Algorithms. посет. 31 март 2021 г.
- ↑ „Open Graph Title: University of Tennessee's Jack Dongarra receives 2021 ACM A.M. Turing Award“. awards.acm.org (англиски). Посетено на 2022-03-30.
Надворешни врски
уреди„Тјурингова награда“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Список на наградени со Тјуринговата награда Архивирано на 12 декември 2009 г. — ACM (англиски)
- Ликовен приказ на добитниците на Тјуринговата награда (англиски)