Денис Ричи (англиски: Dennis MacAlistair Ritchie; 9 септември 194112 октомври 2011) бил научник во полето на компјутерските науки познат по својот придонес во развојот на програмските јазици ALTRAN, B, BCPL и C, како и Multics и UNIX. Добитник е на Тјуринговата награда 1983 година и Националen медал за технологија 1998 godina. Бил шеф на отсекот за истражување на системски софтвер во „Lucent Technologies“.

Денис Ричи
Роден9 септември 1941
Бронксвил, Њујорк, САД
Починалоктомври 12, 2011(2011-10-12) (возр. 70)
Њуџерси, САД
ПолињаКомпјутерски науки
УстановиLucent Technologies
Bell Labs
ОбразованиеУниверзитет Хардвард
Познат поALTRAN
B
BCPL
C
Multics
UNIX
Поважни наградиТјурингова награда
Национален медал за технологија

Роден е во Бронксвил, Њујорк. Дипломирал физика и применета математика на Харвард. Почнал да работи 1967 во компјутерскиот истражувачки центар на Bell Labs.

C и UNIXУреди

Ричи е познат као творец на програмскиот јазик C, еден од клучните програмери во развојот на UNIX оперативниот систем и коавтор на книгата „Програмски јазик C“, општо позната како „K&R“ (според иницијалите на авторите Керниген и Ричи).

Неговиот изум C и неговата улога во развојот на UNIX заедно со Кен Томпсон, го вброиле во редот на еден од најзначајните пионери на компјутерските науки. Програмскиот јазик C денес е многу употребуван во развојот на апликации и оперативни системи, неговото влијание е видливо и во современите програмски јазици како што се C++, Java и C#. Неговата работа на UNIX исто така има големо влијание во поставувањето на основите и принципите врз кои се засноваат денешните компјутери. Популарниот оперативен систем Linux и неговите алатки се во голема мера резултат на работата на Ричи, а оперативниот систем Microsoft Windows има соодветни алатки и компајлери за C.

Создавањето на програмскиот јазик C довело до развој на UNIX. Бјарне Строуструп создавачот на C++ изјавил дека „доколку Денис одлучил наместо да работи на создавањето на C, на решавање на други математички проблеми, тогаш UNIX воопшто не би ни постоел“.

Бидејќи UNIX се покажал како успешен производ, Ричи ги продолжил своите истражувања во областа на оперативните системи и програмските јазици, давајќи придонес во развојот на оперативниот систем Инферно како и на програмскиот јазик Лимбо.

НаградиУреди

Тјурингова наградаУреди

1983 година Ричи и Кен Томпсон ја добиле Тјуринговата награда за нивната улога во развојот на теоријата на генерички оперативни системи а посебно за имплементација на UNIX оперативниот систем.

Медалја на IEEE Richard W. HammingУреди

1990 година Ричи и Томпсон го добиле медалот IEEE Richard W. Hamming од IEEE, "за пронаоѓањето на оперативниот систем UNIX и програмскиот јазик C".[1]

Национален медал за технологијаУреди

1999 година Ричи и Томпсон го добиле Националниот медал за технологија за 1998 година, за копронаоѓањето на UNIX оперативниот систем и програмскиот јазик C кои довеле до голем напредок во хардверот, софтверот и мрежните системи што пак предизвикало голем напредок и ја стимулирале целокупната индустрија а со тоа и ја зголемиле предноста на америка во областа на информатиката во однос на останатите.[2][3]

Награда во ЈапонијаУреди

2011 година Ричи заедно со Томпсон ја добиле Јапонската награда за информации и комуникации за нивната пионерска работа во развојот на опративниот систем UNIX.[4]

ПрекарУреди

Денис Ричи е познат и како „dmr“ (неговата е-поштенска адреса во Bell Labs) во разни usnet newsgroups (како што е comp.lang.c групата).

ПензионирањеУреди

Во 2007, Ричи се пензионирал од неговото работно место како шеф во одделот за истражување на системски софтвер во Lucent Technologies.

Смрт и наследствоУреди

Ричи бил пронајден мртов на 12 октомври 2011, на возраст од 70 години во неговиот дом во Беркли Хајтс, Њу Џерси, каде што живеел сам. Првата вест за неговата смрт дошла од неговиот поранешен колега, Роб Пајк. Причината и точното време не биле одредени. Ричи имал нарушено здравје изминатите неколку години.

Fedora 16 Linux distribution, која била пуштена во продажба неколку месеци по неговата смрт, била посветена на него и неговата работа.[5]

БиблиографијаУреди

НаводиУреди

  1. „IEEE Richard W. Hamming Medal Recipients (англиски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на англиски]]“ (PDF). IEEE. Посетено на мај 29 2011 (2011-05-29). Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); URL–wikilink conflict (help)
  2. Ричи и Томпсон ја добиваат Националниот медал за технологија (англиски)
  3. Ричи и Томпсон ја добија Националниот медал за технологија од претседателот Бил Клинтон (англиски)
  4. Evangelista, Benny, "Кен Томпсон, Денис Ричи ја добија Јапонската награда", San Francisco Chronicle, (англиски), January 25, 2011
  5. Phoronix. „Red Hat Releases Fedora 16 "Verne". Посетено на 2011-11-08.

Надворешни врскиУреди

Викицитат има збирка цитати поврзани со: