Турпија или еге — рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на слични површини со која се симнува горниот слој од површината[1][2]. Турпијата се состои од челична шипка чија површина е избраздена со остри запци, обично поставена на дршка. Се користи за гланцање или сечење на материјал со стружење.

Турпии
Двострано назабување на турпија
Турпии со разна финост со еднострано назабување

Поделба според наменатаУреди

Турпиите се изработуваат, во зависност од намената, од стандардни до многу тврди челици. Mоже да се поделат на повеќе начини, а основната поделба им е според намената. Исто така се делат според нивниот облик, како и на рачни и машински.

Турпии за обработка на дрвоУреди

Овие турпии се изработуваат од стандарден челик.

Турпии за обработка на металУреди

Овие турпии се изработуваат од тврд челик.

Поделба според обликотУреди

Турпиите според нивниот облик се делат на:

ПравоаголниУреди

Рамната турпија има правоаголен пресек со висина отприлика 15 од нејзината ширина. Само површините на ширините имаат запци.

КвадратниУреди

Пресекот на овие турпии е квадрат. Сите површини се назабени.

ПолукружниУреди

Пресекот на полукружната турпија е полукруг. И двете нејзини страни, рамната и полукружната, се назабени.

КружниУреди

Пресекот на кружната турпија е круг кој се намалува одејќи од дршката кон врвот.

ТриаголниУреди

Пресекот на триаголната турпија е триаголник. Се користи на пример за острење пили.

 
Триаголана турпија

ГалеријаУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди